fbpx

„Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината

-

Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Тоа е заклучено на денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  Средбата беше организирана од министерството.

Раководството на винарската визба уверило дека комплетно ќе бидат расчистени долговите кон лозарите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година, велејќи дека парите, околу еден милион евра, ќе бидат исплатени од продажбата во странство на резервите вино. Дека во визбата има доволно резерви вино, потврдиле и од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерството внимателно ќе ја следи состојбата со исплатите на лозарите, односно на 15 дена ќе проверува колку вино е извезено, колку пари се наплатени за тоа и дали им се префрлаат на лозарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...