fbpx

Потврдени се 21 нов случај на заболени од корона вирусот, оздравени се 17, нема починати изминатото деноноќие

-

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во Скопје-12, Куманово-3, Штип-1, Тетово-5, информираат од Министерство за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и Берово-1.

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се тројца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се тројца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се пет нови, а вкупно хоспитализирани 21 пациент. На респиратор се шест, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...