fbpx

Потврдени се нови 164 случаи на ковид-19, од направени 1.045 тестирања

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.045 тестирања, а се регистрирани 164 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје 85, Куманово 24, Дебар 3, Штип 5, Прилеп 3, Тетово 18, Струга 5, Охрид 9, Гостивар 2, по 1 случај во Гевгелија, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Валандово и Неготино и по 2 случаи во Свети Николе и Ресен.

Институтот за јавно здравје забележа 12 оздравени пациенти, во Скопје 3, Прилеп 6, и Струга, Велес и Виница по еден. Починати се две лица, од Скопје и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана на 9 јуни.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 3.701, на оздравени пациенти е 1.694, починаа 171, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 1.836. Од нив најмногу се во Скопје, 1.040 и во Куманово, 202. Досега се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани има 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

По општини сликата за активни случаи во Скопје, заклучно со вчерашниот ден, изгледа вака : Чаир-235, Бутел-88, Аеродром-87, Гази Баба-89, Центар-87, Карпош-79, Сарај-75, Кисела Вода-52, Ѓорче Петров-39, Шуто Оризари-29, Студеничани-25, Арачиново-30, Илинден-20, Петровец-7, Чучер Сандево-6 и Сопиште-3, двајца странци и 2 неутврдени случаи.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 пациента. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти, а на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...