Потврдени два случаи на мајмунски сипаници во Македонија

Иако двајца пациенти се позитивни на мајмунски сипаници од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) уверуваат дека состојбата е под контрола. Денеска се очекуваат подетални информации

-

Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (ИЈЗ) сношти потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава.

Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни болести како сомнителни случаи, а истовремено било побарано да се извршат и испитувања за ХИВ, сифилис и херпес. По извршени анализи со три различни методи, Институтот потврди дека кај двајцата пациенти е детектиран вирусот на мајмунски сипаници.

„Согласно протоколите, веднаш по добивањето на резултатите, беа известени сите надлежни институции, вклучително и Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести и Инфективната клиника“, информираат од ИЈЗ.

Во моментов, епидемиолозите од Институтот спроведуваат анкета со цел прибирање на податоци релевантни за следење на потенцијалното ширење на вирусот. Се препорачува позитивните пациенти да се јават на Инфективната клиника за понатамошно следење и третман. Според надлежните, нема простор за паника, бидејќи институциите дејствувале брзо и координирано.

Мајмунските сипаници се вирусна зооноза, односно болест која се пренесува од животни на луѓе, но може да се пренесе и меѓу луѓето. Причинети се од вирус сличен на вирусот на сипаници, но со релативно поблага клиничка слика. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, зголемени лимфни жлезди и карактеристичен осип што најчесто започнува на лицето, а потоа се шири на другите делови од телото.

Вирусот најчесто се пренесува преку близок контакт со заразено лице, телесни течности, кожни лезии или преку загадени предмети (облека, постелнина). Болеста вообичаено трае 2 до 4 недели, а најголем дел од пациентите се опоравуваат без компликации.

Институтот најави дека денеска ќе објават подетални информации за јавноста.

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Лишен од слобода возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 км/час, дупло од дозволеното

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок,...

Путин ги предупреди своите функционери да не дозволат рецесија

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди своите функционери да се осигурат дека нивните напори за средување на економијата доведена до прегревање поради воените трошоци нема да претерат и да ја доведат...

Македонија набави турски хаубици БОРАН – прва испорака на ваков вид во Европа

Северна Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм, соопшти турското Министерство за одбрана, а пренесе militarnyi.com. „Честитки до сите што придонесоа за...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката...