Фото: Арбнора Мехмети

Во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на Ковид-19. Од нив најмногу се во Скопје – 26, потоа во Куманово има 6, во Штип 7, во Тетово 9, во Струга 2 и во Велес и во Кочани по едно заболено лице.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од кои во Скопје 16, Тетово 10, Велес и Кратово по 1 и во Охрид 2 случаи. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, еден  од Скопје (73г), примен на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и една пациентка од Тетово (55г) која била на болничко лекување од 27 мај.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 2.129,  оздравени се вкупно 1.516, починати се 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487, од кои во Скопје се 240.

Вчерашниот нов позитивен случај е евидентиран во Битола и е жител на Кичево, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 124 теста се од скринингот во градинките и геронтолошките установи.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примен е еден пациент, а хоспитализирани се вкупно 43 лица. На кислородна поддршка се 17, на механичка вентилација е 1 пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани има 28 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 лица. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат исто токав број. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти -позитивни и сомнителни на Ковид-19.