fbpx

Потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 24 пациенти, вкупната бројка изнесува 1.642

-

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2.

Во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 19.096 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона вирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.642, бројката на оздравени пациенти е 1.136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е Скопје – 550, активни 132, Куманово – 408, активни 53, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –176, активни 68, Тетово – 110, активни 54, Струга – 67, активни 16, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 5, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2, Берово-1, активни 1.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се тројца пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на Ковид-19, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...