fbpx

Потврда за македонскиот јазик во Грција, Центарот во Лерин е законска организација

-

Македонскиот јазик доби потврда во Грција, откако судот во Лерин одлучи дека Центарот за македонски јазик во овој град е законски регистрирана невладина организација. Основниот суд во Лерин ги одбил сите тужби за укинување на овој центар, кој официјално беше регистриран во ноември лани. Тужбите за поништување на првичната одлука за одобрување на неговата регистрација беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења и мали партии.

Ова е прва официјална потврда за постоењето на македонскиот јазик во Грција, откако лани барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација беше одобрено од грчкиот суд, со што Центарот стана првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик и што е регистрирана и призната од грчките државни органи.

„Центарот за македонски јазик го изразува своето нескриено задоволство што после децениска борба, македоноговорното население во Грција се соочува со позитивен судски исход во однос на неговите легитимни барања. Правото на слободно здружување конечно е достапно и уважено во однос на организација за подршка на македонскиот јазик. Веруваме дека сега е време ова човеково право да биде достапно и за други слични невладини организации кои во минатото барале и во иднина ќе бараат нивна судска регистрација“, се наведува во соопштението од здружението.

Центарот за македонски јазик во Грција информира дека ќе продолжи да делува за постигнување на своите цели меѓу кои и изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција преку интернет-страница, поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија, Источна Македонија и Тракија и поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта или одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...