Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
Најмногу пари или 14.078 денари биле потребни за храна и пијалоци, 10.825 денари за потребите во домот и 2. 478 денари за превоз. За обувки и облека биле потребни минимум 2.131 денар, а за културни активности само 1.067 денари.
Наспроти вредноста на потрошувачката кошничка, последните пресметки на Државен завод за статистика покажуваат дека просечната плата во декември изнесувала 28.294 денари.
Од ССМ неодамна посочија дека просечната плата покрива околу 70 проценти од синдикалната кошничка и поради тоа бараат со растот на просечната плата, да расте и минималната плата. Заложба на ССМ е минималната плата да порасне на 60 проценти од просечната плата што, според синдикатот, е пракса во европските држави.