fbpx

Потресни сцени во Идомени, деца легнати на шините во кал молат да се отворат границите

-

Бегалската голгота на Идомени расте како што се влошуваат временските услови. Околу 12.000 бегалци се заглавени во кал и ѓубре во бегалскиот камп среде обилни врнежи кои се очекува да траат се до среда.

Во очај група од мали деца бегалци лежеа на железничките шини молејќи да се отворат границите. Сцената на дечиња со картони на кои се испишани паролите „Отворете ги границите“, „Можеби сме деца и не знаеме многу, но веруваме однесувањето кон некој без почит бидејќи е роден на друго место на планетата е расизам“ ги забележа камерата на телевизискиот канал „Ruptly“.

Видеото кружи низ грчките медиуми, создавајќи дополнителни грижи што ќе се случува со бегалците и огромниот број деца кои на студено и на дожд со денови чекаат во тенките шатори со надеж дека границите ќе се отворат.

Дополнителна загриженост создаде соопштението на грчката здравствена служба која се наоѓа на Идомени за случај на дете со хепатит. Според соопшението, здравствената служба воочила случај на хепатит кај мало 9-годишно детенце од Сирија кое се наоѓа во кампот кај Идомени. Детето е пренесено во болница во Солун за лекување.

Здравствените служби се обидуваат да помогнат колку можат околу подигнување на хигиенските услови во кампот, почесто чистење на тоалетите и апел да се пие само чиста, питка вода. Исто така се воведува и мерка за вакцинирање на сите оние кои биле во близина на детенцето за да се избегнат дополнителни проблеми.

Потресна е и сцената на млада бегалка од Сирија која вчера за прв пат по долго време успеа да свири на пијано среде калта и дождот во Идомени. „Уметноста ја победи војната вчера“, пишува грчката новинска агенција АПЕ која ја објави веста и сликата од 24-годишната Нур Ал Хизам како свири на бело пијано покриена со голема кеса и опколена со бегалци.

– Се надевам дека ќе имаме мир во Сирија и дека луѓето ќе може да ги преминат границите и да живеат слободно. Се надевам дека луѓето кои страдаат тука како мене нема веќе да страдаат – изјави Нур за новинарите.

Таа е заглавена со денови во Идомени заедно со нејзините родители и како што изјави за новинарите се надева да се отворат границите за да може да се најде со својот сопруг во Германија.

Пијаното за неа во кампот го донесе кинескиот уметник Ај Вејвеј кој деновиве е повторно меѓу бегалците во кампот.

Грчките власти упорно делат флаери меѓу бегалците на арапски јазик повикувајќи ги да се префрлат во прифатните центри, потенцирајќи дека границата е затворена со цел побрзо да го расчистат кампот кај Идомени, каде условите од ден на ден се се поужасни и неприфатливи за живеење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...