fbpx

Потребни се поостри мерки кога се употребува говор на омраза

-

Можеме да изгледаме многу силни како луѓе, но во моментот кога сме жртви на говор на омраза, сè што ни треба е солидарност и морална поддршка, рече активистката Мерсиха Смаиловиќ, претседателка на невладината организација „Легис“.

Пред два дена беше нападнат активистот Бленди Ходаи, a уште многу треба да се направи и за правата на Ромите, објасни активистката Селва Мустафи.

Работата за општо добро, од мал дел од граѓаните, освен што не се цени, туку неколку млади луѓе кои решаваат да се борат и се напаѓаат. Сепак, сите жртви на говорот на омраза со кои разговаравме ни рекоа дека овој феномен само ги прави посилни.

Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи повеќе од три години е глас на младите кои се соочуваат со многу проблеми во образованието. И во ниту еден момент не помислил дека при ова патешествие ќе дојде денот кога ќе биде нападнат, а за ова, причина ќе биде неговата националност.

„Ја започнав оваа работа многу рано, а да се биде јавна личност уште од рана возраст е исклучително тешко затоа што мора да се справите со општествениот притисок. Граѓанскиот активизам има многу скриени страни што не секогаш можеме да ги објавиме во јавноста, и тоа: говор на омраза, навреди, заканувачки пораки и сл. Воопшто не е лесно. Сепак, нема простор за демотивирање, јас сум голем оптимист и ќе продолжам вака“, изјави Ходаи за „Порталб.мк“.

Во отсуство на други аргументи, единствената причина поради која е напаѓан Ходаи е неговата националност.

„За жал, кај нас коњуктурата на општеството е под влијание на балканската реторика во која луѓето се судат заради нивната националност, религија и слично. Иако сум Албанец и, на мнозинството може да им пречи такво нешто, факт е дека учениците никогаш не биле толку добро организирани. Никогаш гласот на учениците немал ваков одек како сега,“ додаде тој.

Бленди смета дека, поради ставот на општеството многу млади не се вклучуваат во социјален активизам. Објаснува дека имало периоди кога се чувствувал физички и психички уморен од притисокот на јавноста, но не дозволил тоа да биде причина за предавање, и додаде дека ќе го продолжи патот за ученички права, па и посилно од кога било.

Да се ​​биде жена што се бори за правата на жените во државата пак, е исклучително тешко, и кога ќе додадете на тоа дека сте покриена и Муслиманка, предрасудите стануваат трипати поголеми и можноста да бидете „мета“ на говор на омразата, се зголемува.

Активистката и претседателка на невладината организација „Легис“, Мерсиха Смаиловиќ често е напаѓана поради нејзината облека, и дел од граѓаните ја сметале за некој што не припаѓа на оваа земја.

„Говорот на омраза е кривично дело и од оваа причина, лицето кое доживеало ваков напад се нарекува жртва. Сведоци сме дека овој говор е сè поприсутен во јавниот живот. А тоа се должи на не казнувањето на истиот. Проблемот станува поголем кога жртвата треба сама да се соочи со сета таа омраза. И целата таа омраза, која е упатена кон жртвата, се однесува на нејзините или неговите карактеристики, и тоа: националноста, религијата, полот или што било друго што е лично верување и не им штети на другите, тие мора да се почитуваат и да не нè навредуваат на ниту еден начин. Болно е кога те напаѓаат, а ти се бориш за нешто што е општо добро,“ вели Смаиловиќ.

Таа ги пријавила сите навреди и закани до соодветните институции. Но и покрај ова, честопати не се чувствувала безбедно да излезе од дома или да се вклучи на социјалните мрежи.

„Понекогаш сериозноста и интензитетот на тие зборови на омраза се толку силни што прават да се плашиш да излезеш надвор или да се вклучиш во социјалните мрежи, иако можеби изгледаме многу силни, во тие моменти сè што сакаме е да се оддалечиме од јавноста или масите. Поради ова, во тие моменти солидарноста и поддршката на народот е многу важна. Мора да ја зајакнеме солидарноста и да го осудиме секој говор што содржи омраза, затоа што никој од нас не е доволно силен за да победи во оваа борба сам,“ додаде Смаиловиќ.

Ромите исто така секој ден се соочуваат со разни предрасуди, тие се дискриминирани, навредени и не се третираат исто како другите, и тоа само заради бојата на нивната кожа.

Селва Мустафи заедно со невладината организација „Аваја“ преку различни проекти за подигање на свеста се обидоа колку е можно да ја минимизираат оваа појава и да станат глас на Ромите во земјата. Таа вели дека овој пат не е нималку лесен.

„Расизмот воопшто не е намален, дури е зголемен. За каков живот за сите станува збор кога на нашите улици сè уште се слушаат навредливи и расистички зборови кон Ромите? Ромите според Уставот се еднакви, сепак, тие не се прифатени како такви од голем број граѓани и институции во земјата“, вели Мустафи.

Таа и нејзините соработници честопати биле жртви на навреди и говор на омраза поради тоа што го работат, и вели дека сето тоа доаѓа од непознавање на културата и традициите на Ромите. Ова, според Селва, доведува до точка во која општеството директно или индиректно игнорира некои од нив, со што се привилегираат другите групи.

Што вели законот за ова?

Според професорката по Кривично право, Беса Арифи доколку не се казни говорот на омраза, жртвите на ова кривично дело се изложени на ризик да против нив се извршат други кривични дела, бидејќи овие лица веќе стануваат потенцијални цели на злосторства од омраза.

„Во Северна Македонија говорот на омраза и злосторствата од омраза се казниви дела. Важно е говорот на омраза да се казни затоа што ширењето омраза преку изразување честопати резултира во извршување злосторства од омраза. Така, кога преку говор на омраза се таргетира одредена личност, особено преку медиумите, таа личност станува потенцијална мета на злосторства од омраза што можат да бидат извршени против него за да ја пренесат пораката на омраза. Злосторствата од омраза секогаш се кривични дела со порака чија цел на жртвата да и дадат до знаење дека не е безбедно да живее на одредено место,“ вели Арифи.

Професорката додава дека, бидејќи овие кривични дела ја нарушуваат еднаквоста и безбедноста меѓу граѓаните, тие се казнуваат построго од обичните кривични дела.

Говорот на омраза се казнува преку Законот за спречување и заштита од  дискриминација, според кој, надлежните органи поднесуваат барање до Обвинителството за разгледување случаи на дискриминација. Злосторствата од омраза се казнуваат на иницијатива на Обвинителството и истите се регулирани во Кривичниот законик.

Во пракса, законите не се спроведуваат и според нашите соговорници, ова е една од причините поради која овие кривични дела не се намалуваат, туку напротив, од година во година се зголемуваат.

„Порталб.мк“ со години пишува за проблемот со говорот на омраза и сите последици што ги носи тоа во мултиетничкото општество и затоа многу е важно да се преземат мерки за да оваа појава се минимизира и овие дела не бидат толку изразени во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...