fbpx

Потрагата по исчезнатиот авион ќе продолжи утре

-

Индонезискиот потпретседател Јусуф Кала изјави дека исчезнатиот малезиски авион, кој летал од Индонезија во Сингапур, со 162 луѓе во него, можно е да е урнат. Кала, кој ја води операцијата за пребарување и за спасување, ги даде овие забелешки 10 часа откако малезискиот авион на „Ер Азија“ исчезна од радарот по барање на пилотот да се искачи на поголема висина за да се избегнат лошите временски услови.

Кала изјави дека засега нема информации за тоа каде е можно авионот да се урнал. Во меѓувреме, потрагата по исчезнатиот авион е прекината до утре поради лошите временски услови и паѓањето на ноќта.

Ова е трета по ред голема несреќа годинава во која е вклучен малезиски авион.

Малезиски „ербас“ со лет од Куала Лумпур до Пекинг исчезна без трага во март со 239 патници. Во јули, друг авион на „Малезија ерлајнс“ беше соборен над сепаратистичка територија во Источна Украина, при што загинаа сите 198 лица во авионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...