Градоначалникот Зоран Ногачески и Ѓоко Зороски / Фото: Мета.мк

Успешната соработка со Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, Охрид, продолжува.

Потпишаниот меморандум за соработка / Фото: Мета.мк

Проектниот координатор Ѓоко Зороски и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески го потпишааа Меморандумот за соработка на проектот: „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители”, финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ekosystem Partnership Fund-CEPF).

Во рамките на проектот ќе се изготви Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на Белчишкото Блато, поставување на туристичка инфраструктура и организирање на обуки и настани за подигнување на свеста за заштита на Белчишкото Блато. Крајната цел е отпочнување на постапка за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје.