fbpx

Потпишан Меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и постивизантиски споменици

-

Во Солун денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура на Северна Македонија (МК) и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици. Меморандумот го потпишаа министерката за култура, Ирена Стефоска и претседателката на Управниот одбор на овој Центар, Наталиа Пулу.

„Денеска го направивме првиот формален чекор од она што се нарекува ново поглавје во културната соработка меѓу нашите држави. Се радувам за она што го носи иднината. На сите ви посакувам продуктивна и плодна работа заедно“, рече министерката Стефоска, на чинот на потпишување.

Пулу изрази задоволство и надеж дека соработката која започнува во доменот на конзервацијата и реставрацијата, ќе прерасне и во соработка на научно поле, издавање публикации и популаризација на културното наследство.

Меморандумот е основа за соработка меѓу нашите надлежни институции за заштита на културното наследство и Европскиот центар, за размена на експерти, како и за обука на кадар за конзервација и реставрација, соопштија од МК. Двете земји ќе соработуваат и на развој на проекти и нивно промовирање во европските институции, како и за заедничко аплицирање во фондовите на ЕУ.

Потпишувањето на Меморандумот беше иницирано во рамки на неодамнешната посета на делегација од Грција, кога беше потврдена отвореноста за конкретна соработка меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...