fbpx

Потпишан договорот за изградба на фотонапонска електрана во РЕК „Осломеј“

-

Турската компанија „Гиришим електрик“ ќе ја гради фотонапонската електрана со инсталирана моќност од 10 мегавати во РЕК „Осломеј“. Идниот енергетски капацитет треба да почне да произведува електрична енергија на есен 2020 година.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, присуствуваа на свеченото потпишување на договорот за изградба на фотоволтаична електрана Осломеј. Договорот го парафираа директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и претседателот на бордот на директори на изведувачот, Мухатин Бехиџ Харманли.

Вицепремиерот Анѓушев, обраќајќи се на настанот, потенцираше дека ова е почеток и еден добар пример на енергетска транзиција, односно пренамена на производни капацитети на електрична енергија од фосилни горива, кои се на крајот на својот животен век, во енергетски капацитет кој произведува електрична енергија од обновливи извори, поконкретно во овој случај изградба на фотоволтаична централа.

– Иако се ова само први 10 мегавата, тие се околу 50 отсто од сѐ она што е направено во последните 20 години во нашата држава. Сакам само да потсетам во сите овие години наназад во нашата држава се направени само 18 мегавата фотоволтаици – изјави вицепремиерот Анѓушев.

Тој најави дека во наредниот период ќе следува нов јавен тендер за изградба на фотонапонска електрана со моќност од нови 10 мегавати во Осломеј и дополнителни два тендера по 50 мегавати коишто ќе бидат врз база на јавно – приватно партнерство. Вторите 10 мегавати исто како и овие 10 мегавата ќе бидат инвестиција на ЕСМ, рече Анѓушев.

Министерот Бектеши истакна дека термоелектрана во Осломеј не работела со години, а со новите инвестиции овој капацитет од загадувач ќе се претвори во објект што произведува чиста енергија.

– Задоволство ми е да кажам дека следната есен ќе имаме нов капацитет кој што обезбедува енергија за 2.000 домаќинства во Кичево – нагласи министерот за економија.

Турската компанија има претставништва во седум различни земји, зад себе има изградено неколку енергетски капацитети во Алжир, Мароко, Турција и Холандија, а работи и во полето на трговија со електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...