Проблемот со педалинките повторно актуелен, откако и ова лето се случи инцидент во водите на Охридското Езеро.

Од Секторот за внатрешни работи од Охрид информираа дека на 31 август во 14.15 часот во СВР Охрид, А.С.(21) од Гостивар пријавил дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со Х.Д.(21) и А.Б.(20) од Гостивар, ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне.

Двете лица успеале да испливаат на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот. На местото на настанот извршен е увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници.