fbpx

Постот произволно тврди дека во автобус биле претепани контролори на ЈСП

Очигледно е дека постот произволно ги толкува работите и ги филува информациите со цел да предизвика поголемо внимание кај читателите и да добие што е можно повеќе кликови

-

Инцидентот во автобус на ЈСП, во кој биле нападнати контролори на јавното претпријатие, ниту се случил предмалку, ниту пак, има потврда дека некој бил претепан, како што произволно се тврди во постот.  Во полицискиот билтен инцидентот е пријавен на 6 март 2023 година, значи тој не се случил предмалку, туку еден ден претходно. Исто така, според пријавеното, двајцата контролори на ЈСП физички биле нападнати. Никаде не се спомнува претепување, физички напад не мора да значи дека некој бил претепан, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на Фејсбук  кој преку клик бејт наслов шири нецелосни информации сакајќи да привлече што е можно повеќе кликови. Имено, постот се однесува на инцидент во автобус на ЈСП, во кој биле нападнати контролори на јавното сообраќајно претпријатие. Но, сензационалистичкиот наслов што се споделува во овој пост произволно тврди дека биле претепани двајца контролори на ЈСП, што не соодветствува  со информацијата во  содржинскиот дел на текстот.

НОВА ВИСТИНСКА ДPAMA ПРЕД МАЛКУ ВО АВТОБУС НА ЈСП ВО СКОПЈЕ – ЕДНО ЛИЦЕ ВО АВТОБУСОТ ГИ ПPETEПАЛО КОНТРОЛОРИТЕ, се вели постот.

Но, кога ќе го отворите написот, ќе видите дека насловот само крева многу врева.

Прво, постот е објавен на 7 март 2023 година и вели дека „вистинската драма“ во автобусот се случила „предмалку“. Но, во написот се забележува дека се пренесува вест од билтен на МВР и дека станува збор за инцидент пријавен на 6 март 2023 година. Значи тој не се случил предмалку, туку еден ден претходно.

Второ, она што стои во написот е дека две лица контролори на ЈСП, пријавиле дека биле физички нападнати. Значи, никаде не се спомнува ниту претепување ниту нешто слично. Физички напад не мора да значи дека некој бил претепан.

На 06.03.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(55) од Скопје пријавила дека: во населбата Маџари, во автобус на ЈСП, додека таа и нејзиниот колега С.Ф.(59) од Скопје извршувале работни задачи како контролори, биле физички нападнати од едно лице, стои во написот.

Оттука, очигледно е дека постот произволно ги толкува работите и ги филува информациите со цел да предизвика поголемо внимание кај читателите и да добие што е можно повеќе кликови.

Инцидентот ниту се случил предмалку, ниту пак, има потврда дека некој бил претепан. Поради тоа, за постот што го анализираме можеме да кажеме дека е делумно невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...