Во тек е бета евентот на кој може да се испробаат последните три нови елитни специјализации за End of Dragons експанзијата на Guild Wars 2. Исто како и на претходните евенти има три нови слота и напредокот нема да се сними. Елитните специјализации се Specter за Thief, Untamed за Ranger и Mechanist за Engineer.
3. Specter
Specter користи магично стапче за да заштитува и лечи сојузници со помош на Shadow magic. Исто така, ако таргетирате непријател наместо сојузник скиловите автоматски напаѓаат и оштетуваат противници. Една од повпечатливите карактеристики на оваа елитна специјализација е тоа што може да се телепортира со поставување бунари на кратки дистанци – доволно да се тргне од напади и да се позиционира да излечи сојузници.
Според приказната, Панаку асасинот којшто помага да се заштити Императорот и да се убие Широ Тагачи – главниот негативец во Guild Wars 1 Factions, лик којшто исто така ги подучува асасините од старт, со години ја истражувал Shadow магијата и нашол нови начини да ја употребува. И од него потекнува оваа елитна специјализација за Thief која што е мошне ефикасна и нуди доста динамичен „гејмплеј“ со интересни анимации.
2. Untamed
Рејнџерот добива ново оружје за користење а тоа е дворакиот чекан. Анимациите за ударите се атрактивни и има интересни скилови. Според приказната, Untamed елитната специјализација ја контролира моќта на дивата природа и може да го префла гневот на миленичето или на себе. Во новата експанзија ќе има и нов „пет“, а тоа ќе биде белиот тигар којшто ќе можете да го припитомите и да се бори на ваша страна. Еден од скиловите се растителни спори што растат инстантно и експлодираат правејќи “splash damage”. Дефинитивно најиграна професија од екологистите и љубителите на природата.
1. Mechanist
Инженерот добива голем робот што се бори покрај него или таканачен „кастомизиран џејд тек батл меч”. Исто така како и другите елитни специјализации Инженерот добива ново оружје – боздоган со којшто има три нови кул напади од кој еден е и исфрлање енергетски проектил. Но, сепак роботот има многу разновидни скилови за единечно напаѓање и за напади против повеќе непријатели одеднаш, како и елитен скил за испукување на канализиран ласер.
На овој бета евент којшто е во тек главниот град Lion’s Arch беше преполн од инженери со роботи што само по себе зборува за тоа колку ќе биде популарна оваа елитна специјализација кога ќе излезе експанзијата.
За повеќе детали за сите 3 последни специјализации, како се борат, кои скилови и таленти ги имаат и секакви дополнителни информации можете да видите обемна обработка на следното подолго видео: