fbpx

Последен ден дебата за ребалансот на буџетот, утре седница за разрешување на Зврлевски

-

Пратениците денеска последен ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот на пленарната седница во Собранието, закажана за 13 часот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема да овозможи никаков пораст на економијата и тешко ќе бидат остварени 2,2 проценти пораст на домашниот бруто-производ. Тие предвидуваат дека до крајот на годината ќе има уште еден ребаланс.

Тие, исто така, сметаат дека со ребалансот нема да има поголеми плати, пензии, субвенции и нема поголем стандард на граѓаните, а на сметка на тоа има изградба на кампови за мигранти.

Власта смета дека со ребалансот на буџетот, парите се кратат од непродуктивни трошоци и се насочуваат кон граѓаните и компаниите. Претставниците на парламентарното мнозинство велат дека ќе мора да се враќаат и стари долгови, бидејќи претходната влада се задолжувала со кредити со високи каматни стапки.

Предлогот за разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски ќе се најде на дневен ред на седница на Собранието утре.

Доколку предлогот за разрешување на Зврлевски биде изгласан на седницата в понеделник, веќе следниот ден пратениците ќе заминат на одмор. Доколку расправата се одолжи, пратениците од мнозинство најавија дека ќе се откажат од одморот сè додека Зврлевски не биде разрешен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...