fbpx

Посебен сообраќаен режим по повод чествувањето на Илинден

-

По повод одбележувањето на националниот празник Илинден, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско, ќе биде применет посебен сообраќаен режим за непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот.

Утринава, од 9.30 часот во централното градско подрачје во Скопје е воспоставен посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај се затворени дел од улиците 11 Октомври и Димитрија Чуповски и тоа на потегот од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со улицата Васил Главинов, улицата Филип Втори Македонски од крстосницата пред хотелот „Холидеј ин“ до Градска Болница и улицата Даме Груев на потегот од крстосницата со улицата Македонија до Собрание на Република Македонија.

Во Крушево, во согласност со мерките на СВР Битола, посебен сообраќаен режим е воведен уште вчера, а денеска забранет е сообраќајот по главната сообраќајница во периодот од 9 часот до 11 часот, а во периодот од 10 часот до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од месноста Бензиска пумпа до месноста Мечкин камен.

Забраната за одвивање на сообраќајот за трактори, земјоделски машини и за запрежни возила, која е воведена вчера, ќе важи до вечерва на полноќ, а се однесува на регионалниот пат Прилеп – Крушево и Демир Хисар – Крушево. Денеска сообраќајот е забранет и за товарните моторни возила.

Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан за 11 часот. МВР апелира до граѓаните кои ќе сакаат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10 часот, бидејќи поради присуство на важни гости ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Куманово и со пропуштање на службените возила со првенство на минување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...