Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради две трки

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре со почеток во 8 часот, во организација на атлетски клуб Korrunners, ќе се одржи атлетска улична трка „Колор ран 2022“.

Трката ќе се одвива по следнава траса – старт на ул.„Беласица“ пред ТЦ Ист Гејт Мол, десно по бул.„Гоце Делчев“ (десна коловозна лента), лево по бул.„Крсте Петков Мисирков“ (десна коловозна лента), лево по кеј „Димитар Влахов“, при што трасата на одвивање на трката ќе се подели на два дела едната траса со движење по велосипедско – рекреативната патека на кејот на реката Вардар до река Серава и назад по истата траса до стартно-целната позиција и втората траса со продолжување по кејот „Димитар Влахов“, покрај зградата на МРТ, право по бул.„Гоце Делчев“, лево по ул.„Беласица“ до стартно-целната позиција.

Исто така утре, но со почеток во 10 часот, во организација на Велосипедската федерација на Македонија, ќе се одржи велосипедска трка „Гран Фондо Скопје 2022“. Трката ќе се одвива по следнава траса – старт од бул.„Илинден“ кај паркингот на Зоолошка градина, право по бул.„Илинден“ кон бул.„8 Септември“ каде на крстосницата се врти назад по бул.„Илинден“ преку мостот Гоце Делчев, право по бул.„Гоце Делчев“ се вози до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“. Понатаму се врти назад по бул.„Гоце Делчев“, пред мостот Гоце Делчев се врти десно по ул.„Самоилова“ околу Кале до Амбасадата на САД и се продолжува право по ул.„Лазар Личеноски“ се до бул.„Гоце Делчев“ каде се врти десно преку мостот и се до целта каде е и стартната позиција, кај паркингот на Зоолошка градина.

Во текот на одвивањето на двете трки ќе има посебен сообраќаен режим што ќе биде регулиран од сообраќајни полицајци и со знаци, односно некои сообраќајници ќе бидат затворени и сообраќајот ќе се пренасочува на блиски сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...