Поради вечерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија во рамки на Лигата на нации, Министерството за внатрешни работи ќе спроведе посебен режим на сообраќај во близина на скопскиот градски стадион, Арена „Тодор Проески“.
Од МВР соопштија дека поради натпреварот кој ќе започне во 20:45 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници кај стадионот.
„Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, соопшти МВР.