Фудбалската репрезентација на Португалија е нов европски првак, откако во големото финале Европското фудбалско првенство ја совлада домашната селекција на Франција со 1-0.
Стрелец на победничкиот гол беше Едер во 109. минута од натпреварот.
УЕФА го прогласи дефанзивецот на Португалија, Пепе, за најдобар играч на финалето на Европското првенство помеѓу Португалија и Франција. Фудбалерот на Реал Мадрид одигра одлично финале од 120 минути.