fbpx

Портокаловата фаза ги препоти граѓаните

Од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува излегување и вршење напорна активност од 11 до 17 часот, да не се оставаат деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, да се помине 2-3 часа во денот на поладно место

-

Летото во државава започнува со прогласена портокалова фаза, температури над 30 степени Целзиусови и топла воздушна маса од југ која предизвикува сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Фреквенцијата, интензитетот и времетраењето на топлотните бранови се зголемуваат, со значителен засилувачки тренд во регионот, што е ризично за здравјето на одредени категории граѓани.

Од Институтот за јавно здравје тврдат дека високите температури влијаат на здравјето најмногу кај постари лица, новороденчиња, луѓе кои работат на отворено и хронично болните.

Оттаму препорачуваат да се избегнува излегување и вршење напорна активност од 11 до 17 часот, да не се оставаат деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, да се помине 2-3 часа во денот на поладно место.

Во случај УВ индексот да е повисок од 8, од ИЈЗ апелираат да се користи крема со заштитен фактор, капа и наочари со заштита од УВ зрачење, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот, па затоа советуваат изложеноста на сонце во тој период да е минимална.

Фото: Принтскрин, УХМР

Владата неодамна излезе со препораки за намалување на ризиците од високите температури, кои предвидуваат ослободување од работни обврски за бремените жени и стари лицата со над 60 години. За градинките се препорачува да не се практикуваат физички активности и излеженост на децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

Поради високите температури Црвениот крст на град Скопје има акционен план што опфаќа теренски активности за справување со топлотните бранови.

„Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи, ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето“, најавуваат од Црвен крст.

Ангажирани се 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи како и шест возила кои ќе патролираат низ градот. Активностите ќе продолжат согласно прогнозите за високите температури.

Дополнително, планот ја опфаќа и грижата за здравствената и психо-физичката состојба на бездомниците во Скопје.

„Во пунктот за бездомници во Момин Поток на располагање ќе биде мобилниот телефон 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотен бран“, велат од Црвен крст.

Од УХМР информираат дека утре ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер.

Фото: УХМР

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...