Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија ќе се одржи во петок

Во рамки на Деновите на Холандија кои се одржуваат од петок до недела во „Ист гејт мол“ ќе има и натпревар за најдобро декориран велосипед

Фото: Гоу Грин организираат Портокалова тура

По повод Националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата на Кралството Холандија и движењето „Гоу грин“ Скопје ја организираат втората портокалова велосипедска тура во петок, 25ти април со почеток во 16:00 часот на платото пред „Ист гејт мол“.

Во рамки на Деновите на Холандија кои се одржуваат од петок до недела во „Ист гејт мол“ ќе има и натпревар за најдобро декориран велосипед и игра на потрага како и холандски базар на кој ќе се претстават повеќе холандски компании.