fbpx

Порталб: Ветувањето за решавање на проблемот со Олимпискиот базен во Струга останува неисполнето

-

Распаднатиот објект на олимпискиот базен во Струга во близина на основното училиште „Браќа Миладиновци“, е место каде што со години се собираат наркозависниците во градот. Многу ветувања се дадени за решавање на овој проблем, но сè уште не е направено ништо. Решавањето на проблемот со базенот беше меѓу другите едно од изборните ветувања на актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, пишува „Порталб.мк“.

Олимпискиот базен во градот Струга повеќе од 15 години е оставен во заборав и од централната и од локалната власт. Истиот е изграден во 1972 година, и беше во функција до 2005 година, но оттогаш, објектот на сега веќе руинираниот базен служи како засолниште за наркозависниците од градот.

Поради фактот што базенот се наоѓа во непосредна близина на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ овој феномен станува уште по вознемирувачки. Објектот не е ограден и често се случува децата од љубопитност да влезат во овој простор, полн со шприцови за дрога и каде смрди ужасно.

Со години, десетици ветувања беа дадени од сите политички субјекти за решавање на проблемот со Олимпискиот базен, но никогаш немало конкретна акција. Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, за време на интервју за vërtetmatësi.mk (вистиниомер.мк) вети дека за време на неговиот мандат ќе заврши катастрофалната состојба на овој базен.

„Базенот беше изборно ветување, имаше ветувања и од други субјекти, а ние имавме состанок со директорот на агенцијата за спортски објекти. Ни беше ветена изградба на два базени, а дополнително побаравме да го обновиме и стариот базен. Ветувањето постои“, рече Рамиз Мерко, градоначалник на Струга. (Мин. 11.50-12.24).

Централната власт во ноември 2019 година изјави дека во 2021 година Олимпискиот базен во Струга ќе се обнови и ќе се пушти во функција за граѓаните.

„Средства од Агенцијата за млади и спорт веќе се распределени. Станува збор за 30 милиони евра и нашите проекции се предметниот објект да биде пуштен во работа во 2021 година“, изјавија за медиумите претставниците на Агенцијата за млади и спорт, по извршениот увид во предметниот објект (Мин. 1.10-1.21)

Меѓутоа, состојбата на базенот и денес продолжува да биде мизерна, додека во Струга не е изграден друг нов базен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...