fbpx

Порталб: Три недели по пожарот во Тетово, вештачењата уште не се доставени до Обвинителство

-

Поминаа три недели од трагичниот настан во тетовската модуларна болница, при што животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 членови на нивните семејства, но од обвинителството сè уште немаат конкретни детали за трагичниот настан, пишува Порталб.мк.

Од Основното јавно обвинителство – Тетово за Порталб велат дека се прибираат вербални и материјални докази со кои треба да се расчисти настанатиот пожар во Модуларната болница во Тетово. Оттаму посочуваат дека извештаите од наредените вештачења до овој момент сè уште не се пристигнати кај нив.

„Во обвинителството беа доставени обдуктивните протоколи на починатите лица. Во тек е сослушувањето на членовите на семејствата на жртвите, по што ќе бидат повикани и сослушани и други лица кои можат да дадат податоци битни за натамошниот тек на постапката“, велат од ОЈО – Тетово за Порталб.

Оттаму нема одговори на прашањето кога точно ќе излезат со детални информации за пожарот во Тетово.

На 8 септември, Денот на независноста, околу 21 часот од пожар беше зафатен ковид центарот во Тетово, при што загинаа 14 лица. На 10 септември, министерот за здравство, Венко Филипче, и неговиот заменик, Илир Хасани, заедно со двајцата директори на тетовската болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, објавија оставки од морални причини. Премиерот Зоран Заев по неколку дена објасни дека не ги прифаќа оставките и дека Филипче, Хасани, Етеми и Бесими и понатаму ќе бидат на функцијата додека не заврши истрагата.

На 11 септември, со засадување на 14 дрвја на плоштадот „Илирија“, мирен марш одржа групата навивачи Балисти и други граѓани во чест на 14-те жртви кои ги загубија животите како резултат на пожарот што ја зафати модуларната болница за Ковид-19 во Тетово.

На 17 септември во Тетово имаше протести, на кои се бараше одговорност и правда во врска со пожарот во тетовската модуларна болница. Демонстрантите маршот го започнаа од плоштадот „Илирија“, продолжија кон Општина Тетово, каде одржаа говор и потоа дел од граѓаните фрлаа со јајца кон зградата, а потоа се упатија кон седиштето на ДУИ. Во протестите полесно беа повредени четворица полицајци. Судирите со полицијата избија откако некои демонстранти се обидоа да стигнат до седиштето на ДУИ, а претходно фрлаа со јајца кон општинската зграда. За ова петмина демонстранти беа притворени и сега се наоѓаат во притвор.

Што е познато за случајот:

  • Во 21:02 минути избувнал пожар во објектот на болницата и според очевидци од местото на настанот, половина од објектот изгорел за помалку од 5 минути, а целиот објект изгорел за околу 20 минути.
  • 14 лица го загубија животот, 12 други беа повредени.
  • Жртвите се 8 жени и 6 мажи на возраст од 29 до 78 години.
  • Две од жртвите не биле пациенти туку членови на семејствата на пациенти: сопруга на пациент и ќерка на пациентка.
  • Во модуларната ковид болница имало роднини на пациенти, иако тоа е забрането.
  • Германски експерти дојдоа во РСМ за да ја набљудуваат истрагата на Обвинителството.
  • Документацијата за изградба на Болницата е во Обвинителството.

Што не е познато:

  • Дали имало намерно подметнување пожар?
  • Како е можно е некој објект да изгори толку брзо?
  • Дали човечкиот фактор влијаел да избувне пожарот?
  • Дали пожарот бил предизвикан од дефибрилаторот со кој лекарите се обиделе да реанимираат пациентка?
  • Дали е предизвикан од штекер?
  • Дали имало противпожарни апарати, ако е така, зошто пациентите не можеле да ги најдат?
  • Дали функционираше системот за гаснење пожар? Кога последен пат било проверено дали функционира?
  • Дали модуларниот објект е изграден според стандардите, со материјал за заштита од пожар?
  • Кој го изготвил извештајот за техничките спецификации и технички прием за овој објект?
  • Зошто овие документи треба да се чуваат во тајност и да ги има само Обвинителството?
  • Дали техничките проблеми што ги спомена економскиот директор пред отворањето на болницата се поврзани со пожарот?
  • Дали пожарот во модуларната болница има врска со претходниот инцидент на сечење на цевката за кислород?
  • Зошто на членовите на семејствата им е дозволено да се грижат за пациентите?

Ноќта кога изби пожарот на социјалните мрежи, но и во медиумите се ширеа бројни шпекулации за бројот на жртвите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...