fbpx

Порталб: Советот на општина Тетово пред распуштање, нејасно е дали ќе има нови избори

-

Советот на општина Тетово ризикува да се распушти и како резултат на тоа да се организираат нови избори за општинскиот совет. Причина за ова е фактот што советот не ја усвоил завршната сметка на општинскиот буџет за минатата година (2021) до 31 март годинава како што е предвидено со закон. Иако расправата за завршната сметка беше доцна внесена на дневниот ред на деветтата седница на општината, односно на 7 април, една недела по истекот на законскиот рок, Касами вината ја префрлува на советниците. За ова, согласно законските одредби, денеска е известено Министерството за локална самоуправа и истото во рок од седум дена ќе достави предлог до Владата на РСМ за распуштање на овој совет, пишува Порталб.мк.

Според Законот за финансирање на локалната самоуправа, член 33, точка три вели дека „градоначалникот го доставува годишниот предлог закон на одобрување до Советот на општината, најдоцна до 28 февруари следната година“.

Потоа „Советот, најдоцна до 15 март во тековната година, ја усвојува годишната сметка за претходната година и ја доставува до Министерството за финансии најдоцна до 31 март годинава“.

Но, во општина Тетово тоа не се случи, бидејќи градоначалникот ги прекршил роковите предвидени со закон.

Точката за усвојување на завршната сметка на Буџетот на општина Тетово за 2021 година, наместо да се одржи на 31 март, кога е законскиот рок, тој ден само беше најавено дека оваа точка за прв пат на дневен ред ќе се најде во деветтата седница која се одржа на 07.04.2021 година.

На 7 април, истата точка не беше усвоена во советот бидејќи советниците побараа дополнителни појаснувања. Воздржано гласаа и советниците на Движењето Беса заедно со АА, ВМРО и Подобро за Тетово, а точката ја поддржаа советниците на ДУИ и СДСМ.

На следната, десетта, седница вчера (27 април), седницата пропадна, и затоа оваа точка повторно не беше усвоена.

Врз основа на овие настани, според Законот за локална самоуправа, член 75 – точка 4, „Советот може да се распушти доколку до 31 март следната година не го одобри буџетот и завршната сметка на буџетот. За ова, градоначалникот е должен веднаш да го извести надлежното министерство за вршење на работите од областа на локалната самоуправа.“

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами рече дека го информирал Министерството за локална самоуправа за последните случувања и дека тие ќе одлучат што понатаму со судбината на Советот на општината.

„По последните случувања, по состојбата со завршната сметка, веќе го известив Министерството за локална самоуправа и тие се надлежни за понатамошните постапки и одлуки што да се прави со советот на општина Тетово. Мој став е дека граѓаните се уморни од предвремени избори, особено тетовци, но во овој случај, ако некој сака да прави политика таму каде што не треба да се прави политика со отфрлање на завршната сметка, секој треба да ја понесе одговорноста“, рече Касами.

Прашан од Порталб.мк зошто оваа точка беше ставена толку доцна на седница на советот, Касами не беше прецизен. Кратко рече дека на прелиминарната сеница било одбиено од советниците.

Појаснување побаравме и од претседавачот на Советот, Бесар Дурмиши, зошто е направено ова прекршување и зошто оваа точка не била ставена на дневен ред на претходните седници, но Дурмиши не одговори на нашето прашање.

Од листата „Подобро за Тетово“ објаснувајќи го Законот за локална самоуправа и тој за Финансирање на локалната самоуправа велат дека Касами со ова заобиколување на законскиот рок ја загрозил работата на советот и обвинувањата дека „Подобро за Тетово“ се виновни за ова не држат.

„Градоначалникот, со заобиколување на роковите предвидени со закон, го загрози функционирањето на советот и самата општина. Овој пропуст е предвиден во членот 75 од Законот за локална самоуправа и како последица доведува до распуштање на Советот на општината. Со овој елаборат повеќе од јасно е дека нефункционирањето на Советот нема никаква врска со гласањето или негласањето за мандатот на некој советник, а со пропустот што го направи самиот градоначалник, не е сигурен мандатот на ниту еден советник. Во многу случаи (било јавно или приватно) иако тоа не е обврска на советниците, ние, советниците на независната листа „Подобро за Тетово“, неколку пати ја предупредивме извршната власт за направените законски прекршоци при одлучувањето и можните последици. Не е прв пат да кога го правиме ова јавно, како што се случи вчера, нашата конструктивност се артикулира на сосема спротивен начин, сето тоа со единствена цел – дефокусирање на јавноста од вистинските причини и сериозните проблеми што ги има раководството на Општината, велат од „Подобро за Тетово“.

Се очекува одлука од Министерство за локална самоуправа и останува од таму да соопштат како ќе се постапува понатаму. Порталб.мк контактираше со претставниците на ова министерство и тие нè уверија дека ќе одговорат денеска, но засега немаме нивен одговор што понатаму во овој случај.

Врз основа на Законот за локална самоуправа, во членот 76 е наведено дека надлежното Министерство за вршење работи од областа на локалната самоуправа во рок од седум дена од денот на прием на известувањето (во случајов тоа е денес) ќе поднесе предлог до Владата на Република Македонија за распуштање на советот.

А потоа, Владата на Република Македонија во рок од еден месец, од денот на прием на предлогот, ќе донесе одлука за распуштање на советот според силата на законот, што се објавува во „Службен весник на РСМ“.

За преостанатиот изборен период ќе се распишат нови советнички избори согласно Законот за локални избори.

Инаку, Советот на општина Тетово го сочинуваат 31 советник. Десет од ДУИ, осум од Движењето Беса, четворица од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од АА, двајца од СДСМ, двајца од Подобро за Тетово, двајца од ДПА и еден од Алтернатива. Во моментов Советот во моментов има 30 советници, откако еден од Движењето Беса се повлече за да ја преземе функцијата началник за урбанизам во општината, додека новиот советник вчера не успеа да го верификува мандатот откако седницата пропадна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...