fbpx

Порталб: Со членството во НАТО, буџетот на Министерството за одбрана бележи пораст [инфографик]

-

Буџетот на Министерството за одбрана, една година по членството на земјата во НАТО е зголемен за 0,2 отсто од БДП. Порталб.мк направи детална анализа за тоа колку се зголемени буџетските средства од 2020 година за секоја област во ова министерство.

Буџетот за 2021 година е зголемен за 964 милиони денари, во споредба со претходната година, што претставува зголемување од 0,2 отсто од БДП. Додека во 2018 година буџетот на ова министерство беше 0,95 отсто од БДП, сега тој изнесува 1,57 отсто.

„Буџетот за 2021 година е буџет за одбрана како на земја членка на Алијансата на НАТО. Оваа година покажавме дека ги почитуваме обврските, стандардите, критериумите што ги прифативме како земја членка на НАТО. Затоа, Северна Македонија и оваа година го зголемува буџетот за 0,2 отсто од БДП, движејќи се кон посакуваните 2 отсто, но оваа година за прв пат целосно ја исполнивме втората обврска на земјите-членки на НАТО што произлегоа од Самитот во Велс – а тоа е повеќе од 20 отсто од буџетот за одбрана е да се издвојат за опрема и модернизација“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на прес-конференцијата, при презентирање на буџет за 2021 година, кој веќе три години по ред бележи пораст и во 2021 година се тврди дека ќе достигне 1,57 отсто од бруто домашниот производ, односно над 11 милијарди денари.

Учество во меѓународни мисии и операции

„За припадниците на Армијата во овие меѓународни мисии и операции, во буџетот имаме 447 милиони денари, од кои повеќето – 6 милиони евра се за плати и надоместоци, а остатокот за логистички трошоци“, рече министерката Шекеринска, додавајќи дека се исполнува една друга задача за споделување на товарот на земјите – членки на НАТО, а тоа е придонесот кон меѓународните операции, кои, како што рече, „ги зголемуваме“.

„Капиталните инвестиции продолжуваат со забрзано темпо – за реконструкција на згради и инфраструктура во 2021 година ќе има 25 проценти повеќе отколку во 2020 година, кога успешно беа завршени неколку вакви проекти, вклучително и реновирање и опремување на зградата во Куманово каде што сега се наоѓа командата на Бригадата на Југоисточна Европа, како и целосно реновирање на две големи згради во касарната „Илинден“, беше речено за време на презентацијата на буџетот.

Министерот, за време на презентацијата на буџетот, во ноември минатата година, истакна дека до крајот на 2021 година ќе имаме дополнителни 270 ново вработени професионални војници, и најави дека следната година оваа бројка ќе се зголеми за дополнителни 200, со што значително ќе се обнови воениот кадар особено во областа на професионалните војници.

„Навистина инвестираме во новата генерација на опрема, следната генерација на вооружување, обезбедување опрема, обезбедување соодветна опрема што ќе личи на земја-членка на НАТО“, рече Шекеринска.

Со повеќегодишни договори набавуваме нови оклопни возила, неборбени возила, логистичка опрема за декларираните единици, ИТ опрема и опрема за интернет безбедност, пешадиска опрема и артилериски средства.

Накратко, Буџетот за 2021 година предвидува:

  • Постојано зголемување на буџетот на МО за 0,2 процентни поени
  • Целосна воена интеграција во структурите на НАТО
  • Обновување на армискиот персонал и подобрување на стандардот на припадниците на Армијата
  • Квалитетна логистичка поддршка на Армијата
  • Финансирање на започнатиот процес на опремување и модернизација на Армијата
  • Продолжување со реновирањето и реконструкцијата на објектите
  • Регулирање и модернизација на Криволак

Инаку, буџетот за одбрана на Северна Македонија во 2020 година беше за 30 отсто поголем од тој во 2014 година, покажуваат компаративните податоци на НАТО. Зголемувањето, всушност, е направено во 2019 година, кога буџетот за одбрана беше 130 милиони долари, за 29 милиони повеќе од претходната година.

Во тој период, одбраната имаше најнизок буџет во 2017 година, кога изнесуваше околу 94 милиони долари или 0,89 отсто од бруто домашниот производ (БДП). За споредба, годинешниот буџет на Министерството за одбрана е 11,1 милијарди денари или околу 214,3 милиони долари, што е 1,57 отсто од БДП.

Покрај износот, променета е и структурата на буџетот за одбрана. Во 2014 година, АРМ имаше 5,6 отсто од буџетот наменет за нова опрема, додека во 2020 година, според проценките на НАТО, тој процент беше 11,41. Во буџетот за 2021 година, за опрема, одбраната одвои четвртина од вкупните расположливи средства, односно 25 отсто од буџетот. Трошоците за персоналот се намалени од 72,5 отсто од буџетот во 2014 година на 62,6 отсто во 2020 година, додека за инфраструктурата се зголемени од 1,2 на 2,7 отсто.

Северна Македонија во моментов има најевтина армија во НАТО, после Албанија. Одбраната во 2020 година чинеше 66 долари по жител, додека граѓаните на Албанија, за својот буџет за одбрана, одвоиле по 55 долари.

За споредба, во регионот на Црна Гора за одбрана се издвојуваат од 113 долари по глава на жител, Бугарија 127 долари, Романија 222, Хрватска 229, Словенија 243, додека секој жител на Грција лани платил 459 долари за своето Министерство за одбрана. Просекот во НАТО, без САД е 503 УСД по глава на жител, додека со САД двојно повеќе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...