Порталб: Скопска Апелација донела одлука за случајот „Монструм“, но се очекува да ја објави во септември

-

Апелацискиот суд во Скопје ја донел одлуката за случајот „Монструм“, по одржаната јавна расправа на 18 март годинава, но таа не може да се објави бидејќи сѐ уште не е напишана и потпишана, известува Порталб.мк.

„Ве известуваме дека предметот КОК-66/17 на Основен кривичен суд Скопје е доставен на одлучување по жалба до Апелациониот суд и е со број КОКЖ-109/21, за овој предмет се одржа јавна расправа, по што следи подготовка на решението од втор степен во писмена форма, а за изработка на истата е потребен подолг временски период бидејќи се работи за предмет од комплициран карактер“, велат од Апелација.

Порталб.мк, телефонски разговараше и со портпаролката на Апелацискиот суд, која рече дека сега најголем дел од судиите се на одмор и дека конкретниот предмет треба да биде готов во текот на септември.

Инаку, на 23 февруари, Кривичниот суд Скопје ја одобри пресудата, за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, познато во јавноста како случај „Монструм“, како што предложи Обвинителството и прогласи за виновни вкупно 5 лица. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (кои се во бегство во Косово) заедно со Агим Исмаиловиќ се осудени на доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“, Фејзи Азири е осуден на 15 години затвор за „помагање“, додека Хаки Азири е осуден на 9 години затвор, исто така за помагање. Обвинетиот Сами Лута беше прогласен за невин, откако Обвинителството го повлече обвинението поради недостиг на докази. Одбраната ја оспори одлуката.

Во организација на членовите на семејството на осудените, на 26 февруари во Скопје се одржаа протести. Протестот започна во Чаир, а дестинација беше Владата, но полицијата постави полициски кордони кај Т.Ц Мавровка за да ги спречи демонстрантите, и како реакција дел од демонстрантите фрлаа со камења и предмети кон полициските сили. Во судирот беа повредени 11 полицајци, а нападната беше и новинарската екипа на МИА.

За ова беа уапсени 12 демонстранти, а на 5 лица им беше изречена мерка притвор.

Претходно на 29 јануари, откако Обвинителството го одржа конечниот збор и побара обвинетите да бидат прогласени виновни, членовите на семејството излегоа на протест против обвинителката Фатиме Фетаи.

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката Дошница, чии...

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, 11 годишно момче во критична состојба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со скопски регистарски...

На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Граѓаните во Франција, Германија, Италија и Шпанија поддржуваат повторно приклучување на Велика Британија во ЕУ

Десет години откако пратениците гласаа за одржување на референдум што доведе до напуштање на Велика Британија на Европската Унија, анкета покажа дека мнозинството во четирите најголеми земји-членки на блокот би го...

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката...