Во вторникот (16 март) на имејл адресата на редакцијата на Порталб.мк, пристигна документ (ПДФ) кој беше потпишан како изработен од „истражувачи на Иницијатива за подобрување на квалитетот во високото образование (НИРЦАУ)“ и го носи името „Магазин Веритас“. Во документот се вели дека некои професори на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово, ја добиле титулата нелегално, односно крадејќи дела од други без да ги цитираат авторите, а двајца од нив, успеале да станат професори со непочитување на Законот за високото образование, пишува Порталб.мк.

Што знаеме за НИРЦАУ (NIRCAU)?

Редакцијата на „Порталб.мк“ првично одлучи да контактира со авторите на овој труд. Документот е испратен од лицето „Димитри Иванов“ чија електронска пошта, откако го контактиравме за повеќе детали, се покажа дека не е функционална.

Првата имејл испратен до редакцијата
Вториот имајл испратен до редакцијата

Подоцна, во документот со наслов „Магазин Веритас“, забележавме дека веб-страницата http://www.NIRCAU-rnm.org/ не е функционална како и нивната имејл адреса [email protected] која исто така не функционира.

Адресата во Тетово не води никаде бидејќи нема број и се наоѓа на една од најдолгите улици во Тетово.

Главниот уредник на списанието, Гафар Бајрактари е непозната личност за академскиот свет, додека контактиран од Порталб.мк, преку единствената функционална имејл адреса, нема никаков одговор.

Документот наречен магазин не е објавен на ниту една друга веб-страница, и нема никаква врска со списанието „Веритас“ од Албанија, потврдија од нивната редакција.

Документот е објавен од порталот ин7. „Истражувачите“ се непознати, во овој случај тие се само со иницијали. Тие пишуваат дека веќе неколку месеци истражувале за „академска нечесност“ во УТ и дека ректоратот е известен.

„Досега до ректоратот имаме испратено низа поплаки за кражба на интелектуални трудови од професори докторанти на овој факултет, кои незаслужено напредувале во нивните академски кариери. Од таму немаме одговор“, пишува од НИРЦАУ.

Од друга страна, Деканот на Медицинскиот факултет, Невзат Елези за Порталб.мк.  истакна дека истражувачите првин требало да ги достават податоците до ректоратот на УТ или до Јавното обвинителство, а не до медиумите.

„Не е потребно да се оди директно со помпезни наслови од медиумите, ваквите скандали треба да бидат покриени со аргументи. Истражувачите треба да знаат дека постои адреса, а тоа е УТ, тоа е обвинителството, овие прашања треба да се решат на овој начин, а не преку медиумите“, вели деканот Елези.

Тој рече дека тројца од луѓето споменати за плагијати сè уште имаат незавршен семестар.

„Не би рекол дека станува збор за плагијти, некои од нив се мои кандидати кои имаат уште еден семестар за да ја презентираат темата на дипломата и пред да го достават до научно-наставниот совет, менторот мора да го поднесе на проверка за плагијаторство“, рече тој.

Кои се обвинетите професори?

Има сомневања дека татко, мајка и ќерка биле фатени од НИРЦАУ, кои дека тие скоро целосно ги украле нивните научни дела, кои потоа ги присвоиле и ги достигнале позициите во кои се наоѓаат на Медицинскиот факултет.

Неџбедин Беадини е од тетовското село Камењане и моментално е вработен како професор по биологија на клетките и генетика на човекот на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово. Три негови дела, според НИРЦАУ (NIRCAU), се покажало дека се плагијат.

Шеќибе Беадини е сопруга на гореспоменатиот, таа моментално е вработена како професорка по биохемија и физиологија на Медицинскиот факултет, на Универзитетот во Тетово, нејзината работа, според истражувањето на НИРЦАУ, резултирала во речиси целосен плагијат.

Албулена Беадини е ќерка на двете горенаведени лица, таа моментално е вработена како асистент на Медицинскиот факултет, на Универзитетот во Тетово, нејзината работа, според НИРЦАУ, резултирала со 100 отсто плагијат, т.е. таа во трудот го променила само името на државата од каде е трудот е украден.

Емира Беџети е исто така вработена на Медицинскиот факултет на УТ, предава човечка генетика и клеточна биологија како асистент. Извештајот на „НИРЦАУ“ ја оцени нејзината научна работа како украдена, односно плагијат.

Мирлинд Беџети бил вработен на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово, тој е доцент по фармакологија. Според НИРЦАУ, тој го украл научниот труд, а потоа го претставил како свој. Порталб.мк дознава дека тој во моментов не работи на УТ.

Насир Беџети е родител на гореспоменатиот Мирлинд, тој според „НИРЦАУ“ не ги исполнува условите за научната титула што ја поседува. Според ова истражување, ова лице не ги исполнува критериумите што се бараат според законот за високо образование во РСМ. Овие услови се објаснети во оваа студија. Тој предава анатомија 1 и 3.

Дестан Халити е вработен на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово како асистент по неврологија, според НИРЦАУ, „неговата“ научна работа всушност се покажала како плагијат.

Екрем Исмани е исто така вработен на Медицинскиот факултет на УТ; тој предава трансфузиологија и патофизиологија, неговиот труд според НИРЦАУ, се покажало дека е плагијат.

Ќенан Ферати, според НИРЦАУ, ова лице е вработено на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тетово, а работното место го добил без да ги исполни бараните законски критериуми.

Порталб.мк побара и очекува одговори од сите обвинети за плагијат и за добивање на работно место со непочитување на Законот за високо образование.

Побарани се одговори и од Министерството за образование и наука.

Инаку, Порталб.мк алармираше пред неколку месеци за феноменот на продажба и купување тези на научни трудови.

Над 13.413 реклами за продажба и купување магистерски и дипломски тези во моментов се активни на страниците што се занимаваат со трговија во Северна Македонија, цените варираат во зависност од побарувачката, до 500 евра, а доколку имате среќа, можете да станете магистер на науката за само 150 евра. Ниту едно од овие илјадници огласи не го привлече вниманието на инспекторите за образование во земјава, а овие работи не се регулирани ниту со позитивните закони во земјата, додека граѓанското општество и експертите за образование предупредија дека ваквата состојба може да нè доведе до тотална деградација на образованието во земјата.