fbpx

Порталб: Се одржа протест пред Општина Струга, активистите бараат да се ​​спречат трагедиите по патиштата

-

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга – Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга денес протестираше пред Општина Струга, пишува Порталб.мк.

Тие бараат од Општина Струга да ги исполни нивните барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, што според нив, е опасен а општинските власти никогаш не презеле мерки за ова.

„Ние како граѓани се обраќаме до вас, Општина Струга, да ги преземете потребните мерки со цел да се обезбеди безбедност во сообраќајот за велосипедистите и пешаците,“ рече Бетим Ибрахими, еден од организаторите на протестот.

Тие побараа Општина Струга да одржи состаноци со Општина Охрид и компанијата „Македонија пат“ за да најде решение за предметното прашање.

„Преземете чекори за проширување на патот Струга-Охрид, создадете лента за велосипеди. Нека има зголемено присуство на полицијата за време на викендот, кога возењето велосипед е поголемо,“ побараа велосипедистите,

Ибраими за Порталб.мк истакна дека за жал требаше да се случи трагедија за да се направи обид општинските власти да се „разбудат“ и да го поправат овој опасен пат.

„Имаше неколку случаи на незгоди или сме биле вклучени и ние самите, и мораше да се случи нешто трагично, како што се случи пред една недела кога 17-годишно момче беше смртно повредено. Затоа ние како „Велосипедски клуб“ од Струга заедно со другите пријатели, решивме да организираме протести. Свесни сме дека не е само Општина Струга вклучена во изградбата на патот, тука се и Општина Охрид, Општина Дебарца и ЈП „Македонија пат“, но ова е само наша почетна точка во оваа насока, или првиот камен што ќе биде фрлен,“ рече тој.

На „Фејсбук”, некои активисти од Струга отворија страница на Иницијативата за проширување на патот Струга-Охрид, преку која, имаат за цел да вклучат што е можно повеќе луѓе, и притисокот врз властите да биде што е можно поголем и да се најде решение за конкретниот случај.

Слична е ситуација во Тетово, по протестите за „Улицата на смртта“, граѓаните добија ветување од градоначалничката Теута Арифи дека проблемот со улицата „Индустриски“ ќе се реши. По неколкуте несреќи на таа улица во Тетово и една недела откако шестгодишно девојче беше смртно повредено, некои активисти и жители од таа населба протестираа и бараа од Општина Тетово да ја зголеми безбедноста во таа улица.

Веднаш потоа, Општина Тетово постави блокади за да се спречи брзото возење на тој пат и вети други мерки со кои ќе се зголеми безбедноста таму. Инаку според организаторите на овој протест, ова не е прва или единствена несреќа на овој патен правец, затоа што постојано имало несреќи каде што биле погодени пешаци и велосипедисти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...