fbpx

Порталб: Рамиз Мерко вети, но не го заврши централниот булевар во Струга

-

Во кампањата за локалните избори во 2017 година, актуелниот градоначалник на Струга вети дека ќе го заврши централниот булевар во градот. Во пресрет на крајот на 4-годишниот мандат на градоначалникот Рамиз Мерко, ова ветување е далеку од исполнување. Последниве месеци на терен се извршени само уривање на објект и некои мерења, пишува Порталб.мк.

На локалните избори во 2017 година, Рамиз Мерко им вети на стружани дека ќе го реши хаосот во центарот на градот со проширување на централната улица, од кружниот тек во близина на полицијата до поранешниот хотел Аполонија. Во програмата „За Општината што ја посакуваме” (страница 15), една од приоритетните акции во категоријата „Урбанизам и инфраструктура“, се нагласува: Завршување на булеварот од кружниот тек (кај полицијата) до кружниот тек (хотел Аполонија)

Од увидот што го направи Порталб.мк на терен, цениме дека ова ветување сè уште е далеку од реализација и успешно исполнување. Моменталната состојба на „булеваротод кружниот тек (кај полицијата) до кружниот тек (хотел Аполонија) може да се види на фотографиите подолу:

Сепак, Општина Струга ја започна работата за реализација на ова изборно ветување. Всушност, работите започнаа само пред неколку месеци, односно во пред крајот на 4-годишниот мандат на чело на Општината.

На 15 април годинава, Општина Струга објави дека ќе се урива старата зграда на дел од централната улица во центарот на градот. Станува збор за зградата на стариот градски затвор, кој иако вон употреба и руиниран, со години го попречуваше движењето на граѓаните.

„Од понеделник (19.04.2021) Општина Струга ќе започне со уривање и чистење на гореспоменатата зграда со цел да се реализира проектот за изградба на улицата од кружниот тек (кај полицијата) до салонот за мебел Лачка. Оваа улица ќе овозможи полесно и непречено движење и за возилата и за пешаците. Во исто време, во тој дел ќе се додадат околу 150 паркинг места за возила“, рекоа тогаш од Општина Струга.

Уривањето на старата зграда на затворот и чистењето на околината започна на 11 мај. На 4 јуни, тим на општината заедно со градоначалникот Рамиз Мерко излегоа на терен за да ги направат мерењата според елаборатот и деталниот план.

Проектот промовиран од општината, кој сега веќе требаше да биде завршен, предвидува отворање нови, дополнителни ленти на централната улица во Струга. Проектот има за цел да го олесни движењето на возилата, да обезбеди стотици нови паркинзи, тротоари за пешаци, атмосферска канализација, улично осветлување и целосно нов систем за собирање на електричните кабли под земја.

Општината гарантира дека објектите лоцирани во северниот дел на патот ќе бидат експроприрани и нема да претставуваат проблем за спроведување на проектот без прекин. До моментот на објавување на овој напис, на терен не се гледа некаква работна активност, нема оградени површини, ниту работна механизација или работници. Сепак, останува да видиме кога ова изборно ветување ќе биде успешно завршено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...