fbpx

Порталб: Постапката за изградба на базен во Општина Чаир не е објавена, тендерот ќе следи во август

-

Постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско поле сè уште не е објавена, иако во мај беше речено дека тоа ќе се случи „за две недели“. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека постапката не е објавена и дека огласот за тендер ќе биде во текот на август, пишува Порталб.мк.

„Постапката не е објавена. Согласно годишниот план за јавни набавки и согласно нашата програма за инвестиции во спортска инфраструктура, ги имаме предвидено базените и треба да објавиме тендер. Агенцијата за млади и спорт ќе објави тендер за избор на изведувач, а тој тендер планираме да го распишеме кон крајот на август, а може да се случи да биде објавен на 2, 3 август, односно планирано е да биде објавен во текот на август. Така, меѓу другите што ќе бидат објавени е и базенот во Општина Чаир“, велат од оваа агенција.

Оттаму додадоа дека, ако постапките се одвиваат според планираното, тогаш изградбата на базенот треба да започне кон крајот на септември или почетокот на октомври.

„Тендерската постапка, согласно законот, јавниот оглас трае минимум еден месец, па додека се проверат документите ќе минат минимум 45 дена. Се надевам, ако сè оди како што е планирано и ако тендерите бидат успешни, на крајот на септември или почетокот на октомври ќе започнеме со изградба“, објаснија од Агенцијата за млади и спорт.

На прашањето дали станува збор за неправилност затоа што според Изборниот законик во изборната кампања не треба да се гради, со оглед на тоа што локалните избори ќе се одржат во октомври, од оваа институција велат дека тоа не претставува проблем бидејќи овој проект е предвиден пред објавувањето на локални избори.

„Не е важно, бидејќи тоа го имаме предвидено во планот, да не беше предвидено во планот пред распишување на изборите, тогаш би имале проблем и не би можеле да го објавиме. Но, бидејќи тоа е предвидено во планот за јавни набавки и во нашата програма за работа оваа година, тогаш немаме проблем да распишеме тендери дури и за време на изборите. Но, за да се осигуриме дека навистина е така, обично бараме мислење од Антикорупциската комисија“, нагласија од оваа Агенција.

Порталб.мк испрати прашања на оваа тема и до Општина Чаир, но досега од таму нема одговор.

Ова значи дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу нема да може да го исполни ветувањето што им го даде на граѓаните за базенот. За време на предизборната кампања во 2017 година, Ганиу во договорот со кој ги освои гласовите на граѓаните, вети дека ќе изгради базен со отворено спортско игралиште. За овој проект вети буџет од 83.945.350 денари. Сепак, и покрај ветувањата, четири години не беа доволни за Ганиу да го изгради базенот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...