fbpx

Порталб: Попова Шапка, туристичка атракција која не е доволно промовирана

-

„Попова Шапка“ продолжува да биде туристичкиот центар околу кој во јавноста се дебатира за големиот потенцијалот што го поседува, а од друга страна и за незалагањето на властите да инвестираат во него. Од агенцијата која е одговорна за промоција на туристичките капацитети на земјава, велат дека ја промовирале Попова Шапка, но ако ја прелистаме нивната веб-страница или фејсбук профил, тешко може да се најдат активности за промоција на ова туристичко богатство, пишува Порталб.мк.

По дебатите за недостаток на инвестиции на Попова Шапка, криење на името на инвеститорот или скандалозните фотографии од гужвата и нередот на колоната од неколку километри изминатиот викенд на Попова Шапка, се интересиравме за тоа колку Државната агенција за промоција и поддршка на туризмот ја промовира оваа туристичка дестинација.

Од Агенцијата за Порталб.мк велат дека спроведуваат балансирана промоција и поддржување на туризмот и на туристичките капацитети на Северна Македонија, вклучително и на зимскиот центар Попова Шапка.

„Ве молиме погледнете ја нашата официјална веб-страница каде што ќе најдете промотивен текст за Шар Планина/Попова Шапка и регионот. Попова Шапка во моментов се промовира на социјалните мрежи. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, согласно програмските активности, секоја година континуирано спроведува медиумски кампањи во Албанија, Косово, Турција, Полска и други земји каде се промовираат текстови, видеа и фотографии со туристичка содржина, вклучително и промоција на Попова Шапка и регионот“, велат од оваа Агенција.

Врз основа на медиумската кампања, која ни ја посочија од агенцијата, на веб-страницата има одвоено простор каде што може да се види промоцијата на туристичките атракции на РСМ во странство. На таа страница постојано може да се видат сите други атракции, додека сликите од Попова Шапка во повеќето случаи не се појавуваат, или дури и ако се спомене овој центар, тоа е некаде меѓу редови.

Промоцијата на овдешниот туризам во медиумите на странските земји може да се види со кликнување ТУКА, а потоа треба да се кликне на секое знаме за да се видат промотивните материјали подготвени за секоја држава.

Агенцијата за промоција на туризмот, само еден час откако Порталб.мк ги контактираше, на нивната Фејсбук страница споделија неколку фотографии од скијачките центри во земјава, но претходно ги немаа објавено за оваа зима.

Ски-центарот во текот на декември минатата година објави промотивен спот со наслов „Годинава на Попова Шапка ќе биде фешта“, кој се сподели преку социјалните мрежи, но не беше споделено и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...