fbpx

Порталб: Попова Шапка оставена на милост и немилост, Владата молчи за инвестициите

-

Сè уште не се знае што се случи со инвестициите во Попова Шапка, и кој ќе биде инвеститорот, како и кому ќе биде даден под концесија овој ски центар во наредните 99 години. Владата молчи и покрај тоа што премиерот во заминување Зоран Заев пред околу пет месеци изјави дека инвеститорот работи на подготовка на проект, без да го открие неговото име, пишува Порталб.мк.

Од Владата на Северна Македонија сè уште не добивме одговор за тоа до каде се стигнати договорите и постапките, иако тие потврдија дека прибираат информации за прашањата на Порталб.мк околу инвестициите во Попова Шапка.

За граѓаните останува нејасно кој ќе биде инвеститорот што ќе го преземе управувањето со Попова Шапка, бидејќи од Владата нема информации дали е потпишан договор или до која фаза се стигнати постапките.

Единствено што се знае досега е дека Владата на Северна Македонија пред пет месеци накратко објави дека инвеститорот работи на подготовка на проект, без да наведе за кого станува збор, дури ни тоа дали истиот ја добил концесијата.

Од Министерството за економија и од компанијата која во моментов стопанисува со Попова Шапка – „ЕЛЕМ турс“ велат дека немаат надлежности за тоа кој ја добива Попова Шапка под концесија.

Ниту од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ немаат информации од институциите до каде е оваа постапка и додаваат дека комисијата формирана за Попова Шапка е нефункционална.

„Немаме информации, сé е во стагнација. Министерството за економија и комисијата не функционираат, вратите се затворени. Имавме само една средба, од февруари немаме ниту една друга средба“, рекоа од „Да ја спасиме Попова Шапка“.

На крајот на мај премиерот Зоран Заев најави дека во Националната стратегија 2021-2027 година, вклучена е и ревитализацијата на центарот „Попова Шапка“. Договорот е во завршна фаза и предвидува доделување на 99-годишна концесија на европски инвеститор, чие име останува „доверливо“.

„Во завршна фаза сме да постигнеме конечен правен договор за ски центарот Попова Шапка во вредност од 50 + 50 милиони евра. Проектот е според Законот за концесии за јавно-приватно партнерство или стратешки инвестиции, зависно од финалната фаза на договорот. Суштината е да се доделат концесии за 99 години на еден од најголемите инвеститори во ски-центрите во Европа, чие што име сè уште останува доверливо. Остана инвеститорот сам да ја објави веста кога ќе одлучи. Задоволни сме од оваа инвестиција, бидејќи ќе му даде нова димензија на зимскиот туризам“, рече Заев.

Во 2012 година тогашниот премиер Никола Груевски најави инвестиции во „Попова Шапка“ во износ од 30 милиони евра. Тој најави дека проектот ќе се реализира во неколку фази и дека ќе биде објавена понуда за пронаоѓање меѓународен инвеститор.

Инвестиции за „Попова Шапка“ најави и поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, кој рече дека инвеститор од Катар е подготвен да инвестира во овој туристички центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...