fbpx

Порталб: По 9 години чекање, училиштето во Мала Речица беше пуштено во употреба само за прво одделение

-

Училиштето „Наим Фрашери“ во Мала Речица, чија изградба градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја ветува речиси 9 години, вчера беше пуштено во употреба само за учениците од прво одделение. Градоначалничката Арифи рече дека ова не се смета за официјално отворање, туку дека е само одбележување на почетокот на годината за првоодделенците кои ја започнаа учебната година во ова училиште. Од друга страна, целокупните работи околу училиштето се завршени и во наредниот период, со согласност на Министерството за образование, се очекува трансфер и на другите ученици. Арифи рече дека откако ќе се комплетираат сите потребни паралелки и кадар, тие ќе го направат свеченото отворање на ова модерно училиште, пишува Порталб.мк.

Присутни на прославата на новата учебна година за првооделенците во училиштето, покрај Арифи, беа и поранешниот министер за образование и пратеник Арбер Адеми, наставници, ученици, родители и жители на оваа населба.

⁠„Ова денес не го сметајте како некое отворање или каква било официјална церемонија, ние сме тука едноставно да го означиме почетокот на годината за прво одделение, кое ја започнува учебната година овде. Во меѓувреме, додека ги чекаме согласностите од Министерството за образование во врска со новите ангажмани, постепено ќе ги префрлиме и другите ученици“, рече Теута Арифи.

⁠Новоизграденото училиште има површина од 3.500 метри квадратни и целиот проект чини околу 1,4 милиони евра. Капацитетот на училиштето е за 560 ученици во две смени, односно 280 ученици во една смена.

„Во овие тешки времиња на ковид, создаваме повеќе простор за учениците, но во исто време го намалуваме оптоварувањето на училиштето „Наим Фрашери“, кое е преоптоварено, а дел од учениците доаѓаат и од другото училиште „Перпарими“ во Голема Речица, која исто така во територијална смисла имаше ученици од ова училиште“, рече Арифи.

На прашање на Порталб.мк дали ќе има нови вработувања во наредниот период во ова училиште, Арифи рече дека ова ќе биде прашање на комбинација, и доколку е потребно, Министерството за образование ќе даде дозвола за нови ангажмани.

„Тоа ќе биде прашање на комбинација, зависно од тоа дали има персонал кој има простор за покривање на часовите, нормално овде нема да се оди со нов персонал. Ако, на пример, има потреба од нов ангажман, тогаш министерството ќе даде дозвола за нови ангажмани. Тој процес, затоа велам дека започнавме само со прво одделение дека имаме согласност само за прво одделение. Во меѓувреме, додека не дојдат согласностите за административниот персонал и така полека ќе го направиме трансферот и на другите. Тоа е подолг процес, но главната работа е да се има објект, потоа другите се административни процедури“, рече Арифи за Порталб.мк.

Арифи им посака успех на првоодделенците кои започна во ова училиште и им посака во иднина да бидат најуспешните, научници, лидери и уметници кои ќе ја почитуваат земјата.

Арифи рече дека кога ќе бидат завршени сите училници и потребниот кадар, многу брзо потоа ќе го направат и свеченото отворање на ова модерно училиште.

Наставата вчера започна и во другите училишта на Општина Тетово, и според Арифи, наставата започнала без проблеми во сите училишта. Додаде дека ќе се почитуваат сите мерки во врска со протоколите за заштита од ковид-19. Арифи рече дека повеќето вработени во училиштата се вакцинирани, но дури и оние кои не се вакцинирани треба да се вакцинираат, во спротивно ќе треба да се тестираат на секои два дена.

⁠„Да, ние ќе ја направиме контролата на тестот бидејќи мора да имаме на ум дека ние сме област каде болниците се во криза, тие се пренатрупани, затоа се потребни активности што ќе доведат до намалување на притисокот врз болницата“, рече Арифи.

9-годишното ветување кое актуализираше секогаш пред избори

  • 2013- Локални избори

Програмата од 2013 година на тогашната кандидатка за градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, предвидуваше изградба на основното училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица. Тоа не се случи.

  • 2017- Локални избори

Бидејќи ветеното училиште во 2013 година не беше реализирано, градоначалничката Арифи го даде истото ветување за време на кампањата за локалните избори во 2017 година во дебатата “Навистина дебата” организирана од Порталб.мк.

Новинарката Јета Џара: Колку пати сте ветиле дека ќе изградите училиште во Мала Речица?

Теута Арифи: Ветив еднаш, човекот ветува толку, не повеќе.

Новинарката Јета Џара: Дали ветувате повторно?

Теута Арифи: Апсолутно да.

Новинарката Јета Џара: Дали ветувате дека ќе завршите училиште или за дозволи?

Теута Арифи: Ветувам дека ќе се направи, бидејќи буџетирањето нема да дојде од Општина Тетово.

  • 2020- (јануари) веднаш по закажаните избори во април.

Иако поминаа 3 години и изградбата на ова училиште не се споменуваше воопшто, неколку дена откако беше обезбедено вонредните парламентарни избори да се одржат во април, министерот за образование, Арбер Адеми, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го објави договорот за изградба на училиштето. Според тој договор, се предвидуваше училиштето да се отвори во септември 2021 година. Меѓутоа, со откажувањето на изборите во април, пет месеци по ред не беше кажан ниту еден збор за изградбата на ова училиште.

  • 2020- (мај) неколку дена пред почетокот на предизборната кампања за изборите во јуни

Веднаш откако Порталб.мк информираше дека работите за основното училиште во Мала Речица не се започнати, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на социјалната мрежа „Фејсбук” објави дека го потпишал решението за избор на фирма за изградба на новиот објект на ОУ „Наим Фрашери“.

„Денес, со огромно задоволство, ја потпишав Одлуката за избор на економски оператор (компанија) со најевтина понуда за изградба на новата училишна зграда за учениците на ООУ „Наим Фрашери“, во Мала Речица, општина Тетово. Работите ќе започнат наскоро!” напишал министерот на Фејсбук.

  • 2020 година (јули) – Неколку дена пред парламентарните избори во јули

Откако беа ветени во секој изборен циклус осум последователни години, работите за изградба на основното училиште во Мала Речица започнаа на 2 јули 2020 година, неколку дена пред парламентарните избори.

Врз основа на договорот потпишан за училиштето, работите требаше да завршат по 11 месеци, односно во мај 2021 година, што не беше завршено.

„Она што го ветуваме и го исполнуваме. Започнаа работите за изградба на основното училиште „Наим Фрашери“ во Мала Речица“, пишува Арифи на Фејсбук на 2 јули 2020.

  • 2020 година (декември) – Министерството за образование и наука вети дека училишната зграда ќе се заврши во јуни 2021 година, четири месеци пред локалните избори во октомври, но тоа не беше направено ниту во јуни.

Инаку, Порталб.мк ја следеше и ќе ја следи динамиката на работите за изградба на ова училиште, бидејќи е голема потреба за младите од оваа земја, во оваа населба од околу 1.000 ученици, кои посетуваат настава неколку километри подалеку од нивните куќи, едниот дел во Голема Речица, а другиот дел во училиштето „Наим Фрашери“ во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...