Порталб: Општина Тетово во „офанзива“ со проекти во пресрет на локалните избори

-

Во последниот период, од јули наваму, односно три месеци пред локалните избори, Општина Тетово промовираше и финализираше неколку големи проекти, кои според ветувањата требаше да бидат завршени порано. Пред два дена беше пуштено во употреба долгоочекуваното основно училиште во Мала Речица, но само за прво одделение. Порталб ја праша градоначалничката на Тетово, зошто во толку краток временски период се промовираат толку големи проекти, Арифи рече дека сега е дојдено времето, затоа што тоа се големи проекти кои бараат многу работа и посветеност и не можат да се направат за еден ден или една недела, пишува Порталб.мк.

Ова се дел од проектите на Општина Тетово во периодот од јули до 1 септември:

Инаку, се очекува Теута Арифи повторно да се кандидира за градоначалничка на Тетово. Затоа, пред две недели за време на настанот во училиштето во Речица, Порталб.мк ја праша зошто сите овие големи проекти се изведуваат за толку краток временски период, односно пред локалните избори. Арифи рече дека станува збор за проекти кои не можат да се направат за еден ден, туку дека за истите е потребна многу работа и посветеност.

„Проектот за кој сме тука и другите проекти не се проекти што може да се направат за еден ден, два дена, една недела, па дури и една година. Тоа се големи проекти, тоа се од милионски проекти, кои бараат многу работа и многу енергија, многу посветеност за да се добијат средствата, да се лобира за тие средства. Не бараме само ние средства за училишта, бара целата држава, за да успеете да лобирате, потребна е голема посветеност и многу работа. Затоа, всушност, нивното завршување се совпадна со ова време“, рече Арифи за Порталб.мк.

Таа рече дека имале големи проекти на почетокот на мандатот, како што се инвестициите во улицата Мурат Бафтјари и Горна Чаршија.

„Секако, имавме многу големи проекти што беа на почетокот на мандатот. На пример, во првата година од мандатот, го завршивме и целосно и инвестиравме во улицата Мурат Бафтјари и Горната чаршија, што е проект од повеќе од 500 илјади евра, а истото го промовиравме како ова денес. Ја следевме динамиката на работа и трчавме за секоја инвестициска можност овде и се боревме максимално да ја обезбедиме за граѓаните, за тие деца. За тие деца не е важно дали се избори или не, за тие деца е важно што денес тие за првпат се на училиште во нов објект“, рече Арифи претходно за Порталб.мк.

Актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи ќе се кандидира за уште еден мандат. Таа го потврди ова вчера преку објава во Фејсбук, каде напиша дека го прифатила предлогот на огранокот на ДУИ Тетово да биде предложена за уште еден мандат за градоначалничка на Тетово.

Инаку, Тетово сé уште се соочува со основни проблеми како што се недостаток на вода за пиење, управување со отпадот, кучиња скитници, преоптоварен сообраќај и многу други проблеми, за кои Порталб.мк постојано информира. Два од проектите кои според Арифи се очекува да започнат наскоро се реконструкција на тетовскиот стадион и уредување на коритото на реката Пена.

Руските власти уапсиле 100 лица во рации поврзани со перење пари од сајбер криминал

Руските власти објавија апсење на речиси 100 лица поврзани со платежниот систем „UAPS“ и системот за размена на криптовалути „Криптекс“ во истрагата за перење пари поврзани со сајбер криминал. Главниот...