fbpx

Порталб: Општина Тетово не споделува информации за паркинзите во градот и за булеварот Илирија

-

Редакцијата на Порталб.мк достави жалба до Агенцијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер против општина Тетово, поради тоа што општината го прекршила законот не давајќи информации кои новинарите на Порталб ги барале преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од Порталб потсетуваат дека ова не е прв пат општина Тетово да го прекрши Законот, покажувајќи неодговорност и нетранспарентност кон даночните обврзници од Тетово, пишува Порталб.мк.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, постојано ветуваше транспарентност и отчетност. Меѓутоа, во пракса, ова не се случи бидејќи прашањата на Порталб.мк, кои се многу легитимни, останаа без одговор.

Редакцијата на Порталб.мк, побара од општина Тетово подетални информации во врска со Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Откако порталот на албански јазик го објави финансискиот извештај на ова ЈП произлезе дека на месечно ниво тие трошат 25 илјади евра само за работници, додека, иако е во долгови и криза, ова претпријатие бара уште работници.

Од општина Тетово и ЈП „Градски паркинг“ новинарите побарале: име, презиме, завршено образование и датум кога се вработени сите работници на Јавното претпријатие „Градски Паркинг“, список на вкупниот број на вработени, како и платите и работните позиции на вработените во ЈП „Градски паркинг“.

Редакцијата на Порталб.мк, побарала, исто така, од општина Тетово поопширни
информации во врска со постапката за реконструкција на булеварот „Илирија“ во Тетово, поради тоа што работните активности за булеварот неколку пати се прекинати, а исто така постои судски процес помеѓу компанијата што го доби тендерот и општина Тетово.

Од општина Тетово се бараат следниве информации: Информација во врска со тоа кога треба да заврши реконструкцијата на булеварот „Илирија“? Инфорамции во врска со судскиот процес на општина Тетово со компанијата „ИР ГРУП“ за работите со реконструкцијата на булеварот „Илирија“, дали има судска разрешница? Колку пари (вкупно) потрошила општина Тетово досега за реконструкцијата на булеварот „Илирија“? Која компанија го добила тендерот за продолжување на работите во булеварот „Илирија“? Колку пари (вкупно) ќе чини реконструкцијата на булеварот „Илирија“ вклучувајќи ги тука и долговите што ги има општина Тетово кон компанијаа „ИР ГРУП“?

Порталб информира дека секој вработен што се плаќа од парите на даноците на граѓаните како во горенаведениот случај, е дел од јавниот интерес и според тоа, секој има право да бара информации во врска со тоа, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Ова не е прв пат општина Тетово да го прекрши овој закон покажувајќи
нетранспарентност. Во декември 2018 година Порталб.мк се пожали до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер бидејќи општината на незаконски начин ги држеше во тајност информациите за општинскиот инспекторат. Потсетуваме дека Порталб.мк ја доби битката со општина Тетово, бидејќи општината беше задолжена да достави детални одговори за прашањата испратени од редакцијата.

Потсетуваме дека нво интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи вети дека таа ќе биде транспарентна и дека тимот за односи со јавноста ќе го стори истото. Истото го вети и порано во дебатата Животот во Македонија, како и во нејзиниот претходен мандат. Оваа општина не е во списокот на потранспарентните општини во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...