Фото: Порталб

Од Општина Тетово не го одржаа дадениот збор за Порталб.мк дека столпчињата за спречување на паркирање на возилата на тротоарите околу основните училишта ќе бидат поставени при првите денови од 2021 година. Додека животот на учениците се загрозува кога одат на училиште, од Општина Тетово денес одлучија да не дадат одговор на прашањата за оваа тема, пишува Порталб.мк.

Образованието е основно право за сите луѓе во 21 век,  ова е утврдено во Универзалната декларација за човекови права во 1948 година, потпишана и од Република Северна Македонија. Ова право, меѓу другото, гарантира безбедна и хумана инфраструктура за сите ученици во светот.

Меѓутоа, од 8 училишта кои новинарот на Порталб.мк ги посети во Тетово, произлезе дека само две од нив имаат безбедна инфраструктура за учениците, и тоа ОУ „Лирија“ и ОУ „Миѓени 2“.

Во декември 2020 година од општината ветија дека овој проблем ќе го решат поставувајќи столбови за да го спречуваат паркирањето на возилата на овие тротоари.

„Во моментов се потрошени количините материјали што ги поставуваме за спречување на паркирањето на тротоарите околу основните училишта, планираме да поставиме и во неколку други училишта но тоа останува за идната година, или во рок од 1 месец, првите денови од следната година“, рекоа од Општина Тетово во декември 2020 година.

Овие блокади до денеска сè уште не се поставени а учениците се принудени да одат по улица затоа што тротоарите во повеќето случаи се зафатени со возила паркирани од несовесни граѓани.

Порталб.мк побара одговор од Општина Тетово зошто не се поставени столбови и кога ќе ги постават, меѓутоа од општината одлучија да не одговорат до сега.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) информираат дека во последните три години имало благ пораст на бројот на пешаци повредени од возила, се работи за вкупно 308 пешаци за 4 години:

  • 2017 – две жртви, 67 пешаци со лесни телесни повреди, 18 пешаци со тешки телесни повреди.
  • 2018 – една жртва, 72 пешаци со лесни телесни повреди, 18 пешаци со тешки телесни повреди.
  • 2019 – две жртви, 74 пешаци со лесни телесни повреди, 16 пешаци со тешки телесни повреди.

По веста на Порталб.мк, се поставија столбови околу О.У. „Истикбал“

Десет дена откако Порталб.мк информираше дека учениците на основното училиште „Истикбал“ во Тетово секој ден се принудени да одат по улица бидејќи на околните тротоари на училиштето постојано има паркирани возила, од страна на општината се поставени столбови за да го спречат паркирањето на возилата.

Учениците на О.У. „Наим Фрашери“, О.У. „Кирил и Методиј“, О.У. „Миѓени 1“, О.У. „Гоце Делчев“, О.У. „Тодор Саловски“ и О.У. „Андреја Савески Ќиќиш“ и сè уште се движат по коловозите додека одат кон и се враќаат од училиште.