fbpx

Порталб: Општина Сарај го претстави ДУП-от за езеро Треска, Беџети тврди Треска ќе стане вистинска атракција

-

Спортско-рекреативен центар, базени, аквапарк, простор за забава за деца и возрасни, викенд куќички, хотели и трговски центар, содржи новиот детален урбанистички план за ревитализација на езерото Треска усвоен од Општина Сарај, којшто вчера го претстави градоначалникот Блерим Беџети, пишува „Порталб.мк“.

Тој рече дека во тек се правни процедури за прогласување на езерото слободна туристичка зона и по завршувањето може да започне реализацијата на овој проект. Потоа, се очекува Владата да објави јавни повици за инвеститори, по што ќе започнат работите, што според првичните пресметки не се очекува да траат повеќе од три години.

Како што рече Беџети, урбанистичкиот план се состои од 4 дела, се очекува проектот да чини најмалку 200 милиони евра и со истиот да се отвори околу 1.000 работни места.

„По враќањето од Влада, односно откако надлежностите ги презеде Општина Сарај, поставивме како приоритет да ја ставиме во функција ревитализацијата на езерото Треска, што исто така беше дел од мојата предизборна програма. Успеавме да го усвоиме урбанистичкиот план, што претставува силна основа за работа во правен аспект што е во согласност со идејата за прогласување на слободна туристичка област и овој дел да започне да заживува“, изјави Беџети.

Тој има за цел овој центар да привлече посетители не само од Општина Сарај и Скопје, туку и пошироко.

„Урбанистичкиот план е поделен на четири дела. Мислам дека ќе стане вистинска атракција, не само за Сарај, Скопје, туку и пошироко, затоа што според информациите што ги имаме од луѓе кои ги следат урбаните и туристички трендови, ваков вид центар во земјите од регионот нема. Затоа, ние ќе продолжиме да работиме и работиме, бидејќи внатре има многу правни проблеми, ќе продолжиме да работиме во оваа насока што покрај прогласувањето слободна туристичка зона, да започнеме со регулирање во согласност со урбанистичкиот план“, рече тој.

  • Во границите на Блок 1 останува истата цел на рекреативниот центар како: спортско-рекреативен центар „Езеро Треска“ со површина од 13,18 ха. Околу рекреативниот центар е планирано заштитено подрачје од 30 м кое исто така ќе се користи како плажа. Во оваа област се дозволени активности кои нема да предизвикаат негативно влијание врз квалитетот на водата на езерото. Дозволено е поставување столици и шатори за заштита од сонце, соблекувални, опрема за рекреација на деца и возрасни, надворешни базени и тобогани за деца и мали деца, џакузи за возрасни, отворени шанкови итн.
  • Блок 2 со површина од 12,24 ха и класа на намена А4 – привремено сместување. Во оваа градежна парцела се планирани викенд куќички. Диспозицијата на зградите мора максимално да го почитува планинскиот фонд, за да се избегне сечење дрвја и нерамнотежа на екосистемот. При утврдување на градежната парцела, одредено е да има најмалку 20 проценти простор за зеленило.
  • Блок 3 со површина од 9,53 ха и класа на намена Б5 – хотелски комплекс. Во оваа градежна парцела е планиран хотелски комплекс со максимална висина на згради од 4,50 / 11,50 м и максимален број на катови од четири нивоа.
  • Блок 4 со површина од 2,41 ха и класа на намена Б2 – големи трговски единици. На влезот е планиран трговски центар со отворен пазар, во кој ќе бидат претставени традицијата и културата на жителите од оваа област преку свежи и преработени органски земјоделски производи.

На прашањето што ќе се случи со камперите кои сакаат да не го напуштат езерото Треска, Беџети рече дека новиот урбанистички план предвидува викенд куќички кои ќе можат да ги користат граѓаните. Што се однесува до сегашните кампови, тој рече дека повеќето се цврсти градби, што не е дозволено и истите ќе бидат отстранети.

Општинскиот инспекторат ќе изврши увид во постапката за отстранување на камп приколките и корисниците треба да имаат документи за идентификација и книшки за приколките. Сите структури со силна конструкција (ѕидови) и метални конструкции исто така ќе бидат отстранети и ќе има помош од полициската единица.

Да потсетиме, Општина Сарај започна со уривање на објектите и содржините во Езерото Треска. Со градежна механизација се отстрануваат куќичките, кафулињата, рестораните, базените, тоалетите, сега поразурнати, кои пред четириесет години беа изградени со самопридонес на граѓаните.

Со уривање на инфраструктурата, Општина Сарај ја започна постапката за спроведување на деталниот урбанистички план (ДУП), односно со изградба на хотелски комплекси и викенд населба. Пред Нова година, општината им определи рок на сопствениците на камп приколките да ги отстранат од езерото. Но, сопствениците изразија решеност да не заминат, а тоа го бара Општина Сарај, со образложение дека местото ќе се ревитализира. Тие на ова гледаат како на обид општината да го узурпира ова туристичко место. Тие ги повикаа граѓанските здруженија, невладините организации и адвокатите да ги поддржат во оваа борба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...