fbpx

Порталб: Од следниот месец, над 130 здравствени работнички во опасност да останат без работа

-

Патронажните медицински сестри во земјава се во опасност да ги загубат своите работни места. Тие две години работат со договор што истекува на крајот на месецот. За овој проблем, во вторникот до Министерството за здравство, тие доставија допис до министерот Венко Филипче, со кој бараат да им се издадат решенија за работа.

Министерот најави дека до утре ќе се сретне со нив, пишува Порталб.мк.

Над 130 медицински сестри вработени со договор на дело, на целата територија на земјава, не знаат што ќе биде со нивниот работен статус по 31 декември, кога им истекува договорот. Порталб.мк разговараше со една од медицинските сестри вработени во овој проект, која вели оти се многу загрижени каде ќе го дочекаат јануари: на работа или на улица!

„Бевме примени на проект во 2019 година од министерството како патронажни сестри за цела Македонија, на шест месеци со фиксна плата од само 20.000 денари, без придонеси. Потоа започна пандемијата, ни го продолжија договорот за дополнителни шест месеци, имавме прекин, а во мај 2020 година ни го продолжија договорот на шест месеци до крајот на годината, па повторно имавме прекин во јануари и февруари 2021 година, и ни го продолжија договор од мај до 2021 година до 31 декември 2021 година“, објасни една од патронажните сестри од Тетово.

Тие сега бараат решенија за вработување, бидејќи договорот им е продолжен три пати. Инаку, се согласуваат барем повторно да им го продолжат договорот, но со платени придонеси и стаж.

„Сите вакцини во Тетово беа кај нас, ние го пополнивме бројот, а целиот процес на вакцинација функционираше нормално благодарение на тоа што го пополнивме бројот на сестри. Сакаме да бидеме наградени и да ни се издадат решенија“, додаде патронажната сестра.

Овој медицински персонал има поднесено писмено барање и до министерот за здравство Венко Филипче, каде се осврнуваат на нивниот проблем и барање.

„Дента кога бевме таму, министерот не беше присутен, побаравме средба, но ни рекоа дека во времето кога сестрите биле таму, тој бил во Владата, а не дека не сакал да ги прими. Од министерството изјавија дека до утре или денеска, на крајот на неделата ќе закажат средба“, додаде патронажната сестра.

Еве што пишува во писмото на патронажните сестри од Тетово:

„Во име на 15-те медицински сестри вклучени во проектот за патронажни сестри во Министерството за здравство, Ви се обраќаме со барање да го регулирате нашиот статус со РЕШЕНИЕ за редовен работен однос, со оглед на тоа што работиме 2 години од 01.11.2019 година, со договор без здравствено и пензиско осигурување“.

Порталб.мк за овој случај контактираше со Министерството за здравство, но засега нема одговор.

Сепак, министерот за здравство, Венко Филипче за Алсат рече дека до крајот на неделата ќе се сретне со оваа здравствена група и вети решение за нивниот статус.

Во јуни 2019 година, Министерството за здравство објави оглас за јавен повик за сите медицински сестри кои се заинтересирани да работат во услугите на патронажна дејност, да се пријават на конкурсот. Потребните услови беа да имаат завршено средно или високо медицинско образование со положен стручен испит.

Проектот започна на 1 ноември истата година. Преку овој проект беа вработени 48 медицински сестри и 10 лекари во Скопје, 15 медицински сестри во Тетово и останатите медицински сестри низ државата, со што вкупниот број се искачи на над 130.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...