fbpx

Порталб: Модуларната болница во Тетово – сите ги „завршиле“ работите, истата не е функционална

-

„Ние нашите работи и задачи околу ова ги завршивме“ беше идентичниот одговор на четирите надлежни институции за пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово. Сепак, иако на инфективното одделение во Тетово секој ден има сé помалку болнички кревети, Модуларната болница никако не се пушта во употреба, пишува Порталб.мк.

Иако минатата година овој проект беше претставен како „спас“ за големиот број заболени од Ковид-19 во болниците во земјата, Модуларната болница во Тетово сè уште не е пуштена во употреба.

Клиничка болница Тетово: Ги завршивме сите наши задачи, ја чекаме општината и министерството

Најпрво, Порталб.мк контактираше со економскиот директор на Клиничката болница во Тетово Артан Етеми, кој истакна дека од март испратил барање за пуштање во функција на модуларната болница, но тоа сè уште не се случило.

„Иако од март побаравме да ни се даде дозвола за пуштање во функција на модуларната болница во Тетово, бидејќи сите наши задачи како Клиничка болница во Тетово ги извршивме, тоа не се случи, техничкиот прием сè уште не е направен, значи давањето клучеви за пуштање во функција на модуларната болница“, рече Артан Етеми, економски директор во тетовската Клиничката болница.

Според Етеми, вината е во Општина Тетово, бидејќи како што вели, од општината не соработуваат доволно со Министерството за здравство, односно не ја испратиле документацијата што е побарана.

„Имам информации дека Општина Тетово не ја доставува до Министерството за здравство потребната документација за пуштање во функција на модуларната болница, општинските власти образложија дека не можат да го сторат тоа затоа што вработените се болни со ковид“, додаде Артан Етеми.

Општина Тетово го демантира Етеми: Ние ги завршивме сите наши работи и задачи

Од Општина Тетово исто така изјавија дека ги завршиле сите свои задачи и дека очекуваат пуштањето на Модуларната болница во Тетово во функција да се изврши што е можно поскоро, според нив, тоа е во рацете на Министерството за здравство.

„Во однос на модуларната болница, Општина Тетово ги има извршено сите задачи. Истата треба да биде пуштена во функција од Министерството за здравство“, велат од Општина Тетово за Порталб.мк.

Министерство за здравство: Клиничката болница е таа што треба да ја пушти во функција Модуларната болница

Според портпаролот на Министерството за здравство, Катерина Гетева, од ова министерство се извршени сите потребни работи за пуштање во функција на Модуларната болница, и додаде дека примопредавањето на предметите во болницата е направено од 9 март.

„Во согласност со договорот и обврските од истата, модуларната болница која се наоѓа во дворот на тетовската Клиничка болница, е поставена комплетно подготвена во закажаниот рок, примопредавањето на инвентарот, мебелот и другите беа извршени на 09.03.2021 година, од страна на комисијата каде учествуваа претставници од Министерството за здравство и МТСП“, истакнаа од Министерството за здравство.

Од министерство нагласуваат дека е должност на тетовската Клиничката болница, како корисник на оваа Модуларна болница, да ја пушти во функција истата за пациенти со Ковид-19, со што се тврди спротивното од она што го изјави економскиот директор на Клиничката болница во Тетово, Артан Етеми.

„Корисникот на оваа болница, односно тетовската Клиничката болница, мора да го направи инфраструктурното поврзување и да ја стави модуларната во функција согласно потребите на Клиничката болница во Тетово, како правно лице. Општина Тетово и Министерството за здравство логистички помогнаа, а за инфраструктурното поврзување истите постапки важат за сите модуларни болници, кои на краток рок се пуштени во употреба во 17 градови на РСМ“, изјавија од Министерството за здравство.

Компанија „Брако“: Ние ја завршивме нашата работа, немаме информации зошто сè уште не е ставена во функција

Ја контактиравме и компанијата што ги изврши работите за Модуларната болница во дворот на Клиничката болница во Тетово. Од таму потврдија дека тие ја завршиле комплетно нивната работа и дека немаат информации зошто уште не е ставена во функција.

„Да, ние ја завршивме целата наша работа и има време. Немаме информација зошто сè уште не е ставена во функција“, рекоа од „Брако – Велес“.

Модуларната болница не функционира

Новинарот на Порталб.мк денес беше на терен и утврди дека Модуларната болница во Клиничката болница во Тетово сè уште не е функционална, а добивме изјава од координаторот на Ковид Центарот, Гзим Нуредини, кој ја истакна алармантната состојба со Ковид-19 во Полог.

„Во моментов имаме хоспитализирани 49 пациенти поради корона вирусот и сите се во сериозна состојба, односно со кислородна поддршка. Во Клиничката болница во Тетово сè уште има слободни кревети за други пациенти“, рече Гезим Нуредини, лекар и координатор на Ковид Центарот.

Инаку, тој исто така посочи дека има хоспитализирани нови пациенти кои немаат хронични заболувања, што според него, не се случувало порано. Во меѓувреме, бројот на пациенти кои доаѓаат на прегледи секој ден се зголемува, дури и до 100 лица на ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...