fbpx

„Порталб.мк“: Во Тетово, булеварот „Илирија“ никако да се заврши за да добие „европски“ изглед

-

Булеварот „Илирија“ уште не е реализиран во ветената форма пред четири години, иако според градоначалничката на Тетово, Теута Арифии овој проект е при крај. Новинарот на Порталб.мк во четвртокот беше на терен и го утврди недостатокот на фонтани за вода за пиење, метални држачи за дрвја, некои контејнери за отпадоци и LED осветлување за дрвените клупи. Зошто истото не е завршено, Општина Тетово одби да одговори на прашањата на Порталб.мк.

Во рок од четири години, зборовите на градоначалничката Арифи за истиот проект се променија, пред четири години таа го планираше истиот плоштад со многу дополнителни елементи и во мај, во статус на „Фејсбук“, напиша дека проектот ќе заврши со поставување на ЛЕД осветлување и паркинг места за велосипеди.

„Поставување урбана опрема, клупи и канти за ѓубре долж шеталиштето на булеварот Илирија! Со поставување на ЛЕД осветлување и паркинг места за велосипеди, граѓаните ќе имаат модерна пешачка зона во центарот на градот“, напиша Теута Арифи на „Фејсбук“ на 6 мај 2021 година.

 Ова е ветениот булевар:

Фото: Порталб.мк

Проектот за булеварот „Илирија“ според градоначалничката, Теута Арифи.

За да докаже што не е реализирано на овој булевар и што недостасува таму, новинарот на Порталб.мк вчера беше на терен.

Вака изгледа булеварот денес:

Фото: Порталб.мк

Булевар „Илирија“, 29.07.2021 година.

На булеварот се поставени над 100 дрвени клупи, повеќето корпи за отпадоци и некои конструкции за велосипеди. Од Општина Тетово не одговорија зошто уште не се завршени сите планирани работи на булеварот.

Иако трошоците за реновирање на овој плоштад се неверојатни, таму недостасуваат:

  • 12 фонтани за вода за пиење
  • Околу 100 дрвени клупи
  • Некои конструкции за паркирање на велосипеди – повеќето се инсталирани
  • 73 столбови за јавно осветлување
  • Неколку канти за отпад – повеќето се поставени
  • Метални заштитници на дрвата
  • LED осветлување на дрвените клупи.

Иако Општина Тетово не сакаше да одговори на прашањето за Порталб.мк, градоначалничката Арифи пред два месеци изјави дека е прашање на недели кога овој проект ќе заврши, а во меѓувреме, кажа дека ќе бидат поставени и фонтаните кои се предвидени во идејниот проект.

„Во моментов сме во делот на инсталирање урбана опрема, што е финале, според контактите што ги имаме со компанијата, прашање е на недели кога ќе се заврши. Всушност, како што е проектот, така и ќе се реализира“, рече Теута Арифи за ТВ21, пред два месеци.

Да потсетиме, овој булевар ја „испрати“ општината Тетово пред судот

Двете страни, односно општина Тетово и компанијата „ИР ГРУП“ даваат различни причини зошто завршиле на суд, па така според општина Тетово, договорот со горенаведената фирма за плоштадот „Илирија“ е раскинат поради оддолговлекување на работите.

Од друга страна, компанијата која е обвинета од Општина Тетово дека е неодговорна, ја демантира другата страна нагласувајќи дека договорот бил раскинат поради неплаќање за извршените работи, а не по вина на компанијата „ИР Груп“ . Тие додаваат дека овој проект е неуспешен откако е започнат, во сите аспекти.

Инаку, фирмата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија“ е АННРА ЦЕНТРУМ со седиште во Мала Речица, и истата треба да ја заврши работата во рок од 60 дена по започнувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...