Фото: Порталб.мк

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во неговата предизборна кампања вети големи инфраструктурни проекти, што ќе ја трансформираа оваа општина, која во моментов се соочува со инфраструктурен хаос, пишува Порталб.мк.

Ганиу, за дел од инфраструктурата предвидел вкупен буџет од 158,3 милиони денари (2,6 милиони евра), со кои тој вети дека ќе реализира серија проекти, меѓу кои паркинзи зад станбениот блок во булевар Никола Карев, паркинзи околу крстосницата Џон Кенеди и Кемал Сејфула и кружни текови во неколку улици, вклучувајќи ја и улицата „Цветан Димов“.

Меѓутоа, како што пишувиа Порталб.мк ниту еден од овие проекти на е започнат, иако до истекот на мандатот на градоначалникот Ганиу има само уште неколку месеци.

Од Општината за Порталб.мк рекоа дека се прават максимални заложби за реализација на овие проекти.

„Поголемиот дел од ветените проекти се веќе реализирани или почнале да се реализираат. Завршен е проектот за изградба на трибина во стадионот на Ф.К. Скопје и новата административна зграда на клубот, започнат е градежниот процес за новата градинка „Бамби“, динамично се гради спортската сала на ООУ „Конгреси и Манастирит“, која го носи името Аљуш Хамиди, како и кружниот тек во булеварот „Втората македонска бригада“, постоечкиот младински центар во улицата Кемал Сејфула и бројни други проекти во многу области за кои постојано сме ги известувале граѓаните. Се прават максимални заложби и за започнување на реализацијата на проектите што ги спомнавте, вклучувајќи ја и изградбата на Клиничкиот центар за деца, вториот објект на младинскиот центар, предвидените паркинзи и кружни текови“, се вели во одговорот од Општината Чаир.

Понатаму додаваат дека одолговлекувањето на проектите е предизвикано од ситуацијата со пандемијата, како и од забелешките од Град Скопје и од Министерството за транспорт во врска со деталните урбанистички планови.

„Имајќи ја предвид ситуацијата со ковид-19, работиме со капацитети дозволени во овие околности и со максимална посветеност за усвојување на нови детални урбанистички планови, согласно законските постапки, што ќе ни дозволат и понатамошно постапување за реализација на другите ветени проекти. Во врска со деталните урбанистички планови, треба да се истакне дека забелешките на Градот Скопје и на Министерството за транспорт и врски се доставуваат со доцнење и се нецелосни, што ни ја отежнува реализацијата на ветените проекти. Околу новите настани во овој правец, како и секогаш, навремено ќе ги известуваме граѓаните“, потенцираа од Општина Чаир.

Во неговата „Спогодба“, Ганиу предвиде буџет во износ од 1,1 милијарда денари (18,8 милиони евра) за изградба на 4 катни гаражи во територијата на оваа Општина.

Тој вети дека ќе се изградат катни гаражи кај „Саат Кула“, за што предвидел буџет во износ од 176 милиони денари (2,8 милиони евра), катна гаража кај Албанскиот театар, за што е планиран буџет од 112 милиони денари (1,8 милиони евра), а катни гаражи, исто така, беа ветени и кај Плоштадот „Скендербег“ и кај „Чаирчанка“, за кои бил предвиден буџет во висина од 786 милиони денари (12,7 милиони евра), односно 81 милион денари (1,3 милиони евра).