Висар Ганиу
Фото: Официјална Фејсбук страна на градоначалникот Висар Ганиу

Останаа уште неколку месеци до локалните избори и до крајот на мандатот на градоначалниците, а градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, сè уште не исполни едно од своите главни ветувања – решавање на проблемот со недостиг на паркинзи, пишува Порталб.мк.

Повеќе од три години оваа општина, раководена од Ганиу, не успеа навремено да ги подготви урбанистичките планови за реализација на проектите за катни гаражи, а тоа беше едно од ветувањата со кои Ганиу ја освои довербата на граѓаните за да ја води Општина Чаир до 2021 година.

Иако Ганиу минатата недела најави дека за време на неговиот мандат ќе започнат процедурите за реализација на проектите за изградба на катни гаражи, се чини дека Општината не работи интензивно на овој план.

Министерството за транспорт и врски ги вратило барањата за детални урбанистички планови на општина Чаир за изградба на две од вкупно четирите ветени катни гаражи на територијата. Ова за Порталб.мк го потврди портпаролот на ова министерство, кој рече дека барањата се вратени во Општината со цел тие да бидат усогласени според новиот закон за урбанизам. Апликациите била поднесени во текот на 2020 година.

„Од Општина Чаир во текот на 2020 година, беа доставени два урбанистички плана SSI04 блок 7, што значи урбанистички план, и урбанистички план за блок 8, каде што се планирани градежни парцели за изградба на катни гаражи. Сепак, и двата плана се вратени на Општина Чаир од Министерството за транспорт и врски, за да се усогласат со законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање. Значи, тие ги поднесоа, но ние им ги вративме. Но, повторно не се поднесени. Значи дека во 2020 година ги доставиле еднаш, нашите колеги ги провериле и потоа се вратени во Општината да бидат разработени. Не знам дали се обработени, но не се вратени во министерството“, изјави за Порталб.мк, портпаролот на Министерството за транспорт и врски.

Ганиу минатата недела, одговарајќи на прашање на Порталб.мк, рече дека процедурите за реализација на катните гаражи што беа во програмата на неговата кампањата на последните локални избори, се започнати.

„Работиме и ги чекаме деталните планови за катните гаражи и тие се наоѓаат во Министерството за транспорт и врски. Доколку ги поминат сите филтри, тогаш може да започнат процедурите за реализирање на кулите, каде се предвидени и катните гаражи“, рече тој.

Сепак, од ова надлежно министерство ни беше кажано дека Општина Чаир нема поднесено повторно разработени и усогласени барања според новиот Закон за урбанизам.

Во „договорот“, Ганиу имаше предвидено буџет од 1.156.293.957 денари (18,8 милиони евра) за изградба на 4 катни гаражи на територијата на оваа Општина.

Тој вети дека катни гаражи ќе се градат кај Саат Кула, за што бил предвиден буџет од 176.668.200 денари, потоа кај Албанскиот театар, за што биле предвидени 112.455.000 денари, катни гаражи беа ветени и кај плоштадот Скендербег и Чаирчанка, за што беше планиран буџет од 786.169.857 денари и од 81.000.000 денари.

Но, досега ниту една од гаражите сè уште не започнала да се гради. До крајот на 4-годишниот мандат има помалку од 8 месеци.