fbpx

Порталб: Исчистената мала депонија кај тетовска бања повторно почна да се полни

-

Малата депонија околу реката кај тетовска бања, за чие постоење Порталб.мк го извести општинскиот инспекторат, е исчистена. Меѓутоа, таа повторно се загадува поради небрежноста што инспекторатот за животна средина во Тетово ја покажува цело време кога е во прашање откривањето на загадувачите на животната средина, пишува Порталб.мк.
Од Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово не откриваат детали за тоа кога ја исчистиле оваа мала депонија, но истакнуваат дека отпадот во градската бања се транспортира секоја недела.
„ ЈКП Тетово, согласно програмата за општинска хигиена, врши пренесување на отпадот секоја недела од локацијата Градска бања. Додека во текот на летната сезона ова се врши почесто. Исто така и патот, според работниот план за јавна чистота, се чисти редовно“, изјави Џелал Цека од ЈКП Тетово.
За да провериме, бевме на местото каде што претходно беше формирана оваа мала депонија, токму во делот околу реката кај Градска бања. Се гледа дека отпадоците биле исчистени, сепак, овој дел започнал повторно да се полни.
Во врска со оваа мини депонија началникот на општинскиот инспекторат во Тетово, Гезим Ганиу, во јуни минатата година рече дека инспекторите не биле известени за случајот и дека ќе интервенираат.
„Ние не сме информирани за овој случај. Ќе интервенираме и тука“, изјави Ганиу во јуни 2020 година.
Инаку, дел од случаите за кои сторителите останаа неоткриени, како резултат на неспособноста на инспекторатот за животна средина се: палењето на тетовската депонија, палењето на отпадоците во населбите Блок 70 и Дарданиа, палењето на отпадоците во Ромската населба, како и многу други што граѓаните постојано ги пријавуваат во „E-report”, бидејќи бројот објавен на веб-страницата на општината (0800-55-043) за пријавување на овие случаи, не функционира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...