fbpx

Порталб: Инвестициите во развојот на туризмот останаа само сон за стружани

-

Иако Струга има многу природни убавини, недостатокот на инвестиции го кочи развојот на туризмот во овој град. Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, на локалните избори во 2017 година даде серија ветувања за развој на туризмот во Струга. Меѓутоа, во пресрет на новите локални избори, се забележува дека во Струга многу малку е направено од ветеното, пишува Порталб.мк.

„Стружани ќе бидат горди на своето културно богатство и разновидност. Ќе се обнови некогашната убавина на неговото културно наследство и историско значење и истото може да биде важен адут за развој на туризмот“, вака гласи заложбата што ја претстави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, пред граѓаните на Струга на локалните избори во 2017 година. Во предизборна програма „За општината што ја посакуваме” (страна 22/23), Мерко наведе некои од активностите што ќе ги преземе за време на неговиот мандат на чело на Струга, вклучувајќи:

  • Изградба на Саат кулата
  • Реновирање на Амамот на Струга и негово адаптирање за уметничка галерија.

Саат кулата, во текот на овие четири години во Струга, не е изградена иако ова ветување е повторено неколку пати.

За време на интервјуто за Порталб и Вистиномер, во 2018 година, Рамиз Мерко уште еднаш ја споменува изградбата на Саат кулата како важен проект.

Конкретната акција што ја видоа граѓаните во врска со ова ветување беше идејниот план за центарот на градот кој се фокусираше на презентација на проектот за подземен паркинг. Идејното решение беше објавено кон крајот на мај 2021 година од локалните медиуми.

 

Амамот на Струга не само што не е реновиран туку е заборавен од институциите

Важен културен објект во Струга е и Амамот, традиционална ориентална јавна бања, која се наоѓа во близина на центарот на градот. Сепак, овој објект е заборавен од соодветните институции. За време на изборната кампања во 2017 година, градоначалникот Рамиз Мерко, вети дека ќе го реновира и дека ќе го адаптира истиот како уметничка галерија.

За време на теренската проверка на објектот, забележавме дека не е направено ништо околу реновирањето, дури објектот е во мизерна состојба, запоставен без основно одржување и грижа. Старата историска зграда е покриена со трева и отпадоци.

Во текот на 2019 година, во Струга престојувале 106.406 туристи, од кои 52.372 биле домашни туристи и 54.034 странски туристи. Како резултат на пандемијата, во 2020 година бројот на туристи во Струга беше преполовен. Во 2020 година, во Струга биле регистрирани вкупно 62.484 туристи, од кои 54.930 домашни туристи и само 7.554 странски туристи.

Во Струга има сместувачки капацитети за сместување од 8-10 илјади туристи дневно, што значи дека има 4000 соби со 8-10 илјади легла (хотели, мотели, кампови, соби, апартмани, куќи и други видови сместување). На целата територија на Струга има 60 традиционални и модерни ресторани, 50 капацитети за брза храна и 60 современи кафетерии за сите вкусови и 20 туристички агенции за организирање туристички патувања. Сепак, недостатокот на инвестиции во градот го кочи развојот на туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...