Порталб интервју со архитектката Фиторе Илјази: Работете, студирајте и не запирајте го вашиот сон

Примерна девојка за другите, таа е успешна како архитект и потекнува од градот Тетово. Патешествието на Фиторе на ова поле започна веднаш по завршувањето на студиите во Скопје, а потоа и во Швајцарија. Сега таа има свое студио во Тетово, каде што изложува разни проекти. Нејзината порака до младите во ова интервју е да работат, студираат и да не се откажат од својот сон за која било професија.

Опиши ни ја накратко твојата кариера од почетоците до сега?

Проект на архитектката

По завршувањето на студиите, мојата кариера започна во Скопје во компанијата „Ajde Doma Design & Engineering“, каде работев речиси две години. По напуштањето на компанијата, стапив во контакт со некои швајцарски архитекти, кои ме ангажираа на нивните проекти во Швајцарија. Таму учествував во проекти за компанијата „Masserati“, а потоа добив можност да бидам дел од проектирањето на еден хотел во Давос. Тоа беше многу големо искуство за мене на таа возраст. По враќањето од Швајцарија, започнав да работам како дизајнер во Тетово и околината. Првите успеси беа оние кои ме мотивираа за повеќе. Следејќи ги проектите и барањата на клиентите, во декември минатата година успеав да го отворам моето студио кое се наоѓа во комплексот Саранда.

Дали би им ја предложиле оваа професија на младите?

Секако да, особено за девојките Албанки, бидејќи ова е многу храбра и динамична професија.

Какви се плановите на Фиторе за во иднина?

Во иднина планирам да учествувам на светски познати натпревари и да создадам сопствен бренд во индустријата за мебел и градежништво.

Кој од проектите што сте ги направиле досега Ви се допаѓа најмногу, а кој им се допаднал на другите?

Секој проект го имам направено со страст и љубов, затоа што секој од нив ме има формирано уште повеќе во професијата, а и секој има свој концепт, но исто така мислам дека секој проект оставил различни впечатоци кај другите.

Една порака за мотивирање на младите?

Проект на архитектката

На младите им порачувам сите да работат, да студираат и никој да не смее да ги спречи во нивниот сон, за која било професија. Особено за албанските жени да се образуваат и да се еманципираат. Исто така, во околината да се елиминира стереотипот за жените во архитектурата, градежништвото, медицината, ИТ или која било насока или друга работа.

За да можете да ги видите убавите проекти на Фиторе и да ја контактирате, можете да кликнете тука.