Порталб: Ганиу сѐ уште не го исполнил ветувањето за катни гаражи во Чаир

-

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, повеќе од четири години ветува изградба на катни гаражи. Откако во првиот мандат не го исполни ова ветување, во пресрет на изборите за втор мандат, Ганиу повторно излезе со истото ветување за изградба на катни гаражи, пишува Порталб.мк.

Висар Ганиу рече дека проектот ќе се реализира во соработка со бизнисменот од Косово, Беџет Пацоли, односно компанијата Mabetex Project Engineering ќе инвестира 50 милиони евра и во рамките на оваа инвестиција ќе се изградат 12 катни и подземни гаражи, со што ќе се добијат 3000 нови паркинг места на повеќе локации на Општина Чаир.

„Денеска го отвораме патот за стратешка и многу важна инвестиција, изградба на катни и подземни гаражи на повеќе локации во нашата општина, а една од тие локации е токму плоштадот Скендербег. Но, она што е подеднакво важно е дека стратешки партнер во изградбата на овие гаражи ќе биде светски познатата компанија „ Mabetex“ (Мабетекс) на познатиот бизнисмен Беџет Пацоли. Ова е инвестиција тешка над 50 милиони евра. Заедно со Пацоли и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе потпишеме меморандумот за соработка“, рече Ганиу (Извор: Порталб.мк 06.09.2021)

Но, од промоцијата на проектот поминаа повеќе од пет месеци, а работите се уште не се започнати. Од општина Чаир пак за Порталб.мк велат дека проектот се уште е во фаза на процедури.

„Нашите екипи заедно со екипите на компанијата „Mabetex“ имаат постојано средби и работат интензивно за изградба на гаражите, кои ќе бидат катни и подземни. А она што можеме да ви го дадеме како последна информација е дека во моментот се подготвува документацијата за апликација“, велат од општината.

Катни гаражи во последно време вети и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Таа дури, го посети паркингот кај трговскиот центар „Чаирчанка“, каде што беше ветена една од катните гаражи, но на оваа активност не учествуваше градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Ганиу за време на изборната кампања пред изборите во 2017 година ветуваше дека ќе се градат катни гаражи кај „Саат Кула“, за што предвидел буџет од 176.668.200 денари (2,8 милиони евра) кај Албанскиот театар, каде што предвидел буџет од 112.455.000 денари ( 1,8 милиони евра). Катни гаражи беа ветени и кај плоштадот Скендербег и кај  „Чаирчанка“, за што бил предвиден буџет од 786.169.857 денари (12,7 милиони евра) и 81.000.000 денари (1,3 милиони евра). Ништо од ова не е реализирано.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...