„Порталб“: Без уставни измени нема ЕУ, евроинтеграцискиот процес нема да биде условен со билатерални прашања

Уставните измени подразбираат подразбираат внесување на Бугарите и другите народи во Уставот

-

Европската унија работи на креативно решение за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, но тоа не значи дека земјата не треба да ги направи уставните измени, тие остануваат како услов. Решението кое се бара се однесува на барањето на гаранција од Бугарија дека нема да продолжи да ја блокира РСМ во иднина, велат изворите од Стразбур и Брисел кои не споделуваат други детали во врска со ова „креативно решение“. Гаранција дека евроинтеграцискиот процес повеќе нема да биде условен со билатерални прашања бара и раководството на РСМ, пишува Порталб.мк.

За да се забрза патот на РСМ кон ЕУ, потребни се уставни измени

Во моментов нема гаранција дека Бугарија повторно нема ја блокира Северна Македонија во нејзиниот пат кон евроинтеграциите. Но, извори од Брисел велат дека размислуваат и работат на едно креативно решение што ќе значи изнаоѓање на начин за Северна Македонија да го продолжи патот кон ЕУ, нагласувајќи дека тоа се однесува на изнаоѓање на едно решение со Бугарија, но притоа не сделуваат други детали.

„Не сакаме Северна Македонија да заостане, тоа е неприфатливо, сакаме да оди напред, вие имате пријатели во ЕУ, затоа слушаме за еден француско-германски предлог. Се бара едно креативно решение за да се обезбедат гаранции за РСМ“, велат од Брисел.

Но, РСМ мора да ја исполни преземената обврска, да ги направи уставните измени, по што, како што велат од Брисел, патот на земјава кон ЕУ ќе и биде многу полесен. Според некои извори во ЕУ, покрај елементот на меритократија и реформи, процесот на интеграција во ЕУ сега зависи и од геополитичкиот фактор, и како што ни рекоа многу функционери, РСМ треба да го искористи овој момент.

„Се наоѓаме во важен момент на проширувањето. Проширувањето со Западен Балкан е во наш интерес (на ЕУ), со оглед на моменталната геополитичка ситуација. Сакаме обединет континент, но со земји кои ги почитуваат критериумите. Во случајот со Северна Македонија проблемот се билатералните прашања. Да, обврска на РСМ е да ги направи уставните измени кои сега станаа политичко прашање/тема“, велат од Брисел.

Погледот и надежите кај Кос

Веднаш по усвојувањето на новиот состав на Европската комисија, новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос , во изјава за медиумите рече дека очекува РСМ да ги направи уставните измени, ништо повеќе и ништо помалку.

“Oчекуваме Северна Македонија да го смени Уставот, бидејќи тоа е нешто на што сметаме, ништо помалку, ништо повеќе и сигурна сум дека тоа може да се направи. Тогаш можеме навистина многу брзо да напредуваме”, кажа Кос.

На прашањето дали РСМ може да добие гаранција дека нема да има нови блокади од Бугарија, Кос рече дека не може да го гарантира тоа. Таа рече дека дијалогот е решението за споровите меѓу двете земји.

Потребна е гаранција од Бугарија

Европратениците и функционерите со кои разговараше Порталб.мк оценуваат дека Кос, која потекнува од Словенија, е одлично решение за позицијата еврокомесар за проширување, бидејќи го познава добро регионот и проблемите.

Европратеникот и известувач за РСМ во Европскиот парламент, Томас Вајц, смета дека уставните измени со одложено дејство не се решение и дека вакво тешко дека ќе се прифати.

„Ни треба можност за правни гаранции од бугарска страна дека по вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот нема да има некое ново барање. Затоа ни е потребна таква правна сигурност. Во оваа насока Европската Унија е на страната на Македонија и сите го очекуваме тоа од Бугарија. Тоа ќе биде клучот“, рече Вејц.

Тој рече дека иако Албанија ги започна преговорите, РСМ постигна поголем напредок во имплементирањето на правото на ЕУ.

Карло Руселер, кој е и претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија на прашањето за Бугарија истакна дека ова е билатерално прашање кое мора да се реши меѓу двете земји.

„Овде ЕУ, а и според некои искуства што сме ги имале досега, вклучително и пристапот на Хрватска кон ЕУ, може да биде од помош, може да посредува, може да олеснува, но исто така е јасно дека со една парламентарна димензија може да се обидеме да ги омекнеме таквите односи“, рече Руселер.

Меѓутоа, во овој поглед, тоа што е проблематичен е недостигот на политичка влада во Бугарија.

Германскиот европратеник Михаел Галер и член на Комитетот за надворешни работи на ЕП рече дека бугарските функционери при приватните разговори се пофлексибилни отколку во јавните настапи, бидејќи, како што рече, знаат дека треба да дејствуваат ориентирано во насока на решенија.

„Хрватска ја преживеа блокадата од Словенија и тие се внатре (во ЕУ) и среќни, јас мислам дека ќе ги преживеете претходните блокади од Грција кои веќе се надминати, а заедно ќе ја надминеме и сегашната со Бугарија, а штом ќе станете членка, и вие ќе бидете среќни и ќе заборавите на тоа кога требаше да прифатите некои работи кои навистина не ви се допаѓаа, но на крајот најубаво е да се биде внатре, а не да се остане надвор (од ЕУ)“, рече Галер.

Според него, РСМ може да ги започне преговорите во 2025 година.

„Последните пет години залудно потрошени на проширувањето”

Од друга страна австрискиот европратеник Андреас Шидер мисли дека последните пет години на Европската комисија се залудни потрошени години, бидејќи според него, работите не се одвивале доволно брзо во однос на проширувањето на ЕУ. Тој рече дека Марта Кос ќе го протурка прашањето за проширувањето и мислам дека тоа е важно за ЕУ.

„Би рекол дека тоа е многу комплицирано прашање и драматично е што Северна Македонија секогаш се соочува со такви прашања. Измените на Уставот би биле најдобриот начин да се постигне она што го сака народот на Северна Македонија, а тоа е членство во ЕУ“, рече Шиндер.

Тој, меѓу другото, додаде и дека понекогаш политиката на Северна Македонија стои на патот меѓу Македонија и ЕУ и дека според него такво нешто не треба да се случи. Андреас Шидер.

Потребна е поголема посветеност од ЕУ Еден друг функционер со кој разговаравме беше критичен кон ЕУ и рече дека е потребна поголема посветеност од нивна страна за земјите кои имаат проблеми на патот кон европските интеграции.

„Уставните измени мора да се направат. Кога станува збор за ЕУ, јас не сум од оние луѓе кои велат направете ја домашната задача и ќе видиме, јас сум критичен кон ЕУ и кон земјите членки затоа што верувам дека треба да направиме повеќе од тоа само да даваме задачи. Има разлика помеѓу тоа да кажете некому еве, ова се важите задачи, и да му кажете, ова се задачите и дозволете ми да ви помогнам колку што можам“, рече тој.

Тој дури ги критикуваше и лидерите како Владимир Путин и Александар Вучиќ кои, како што рече, се обидуваат да им кажат на земјите кандидати дека ЕУ не ве сака и дека нема да ви успее.

„Мораме да го докажеме спротивното“, рече тој.

Опасност од Русија И додека земјите од Западен Балкан се соочуваат со своите предизвици на патот кон ЕУ, други чинители го користат овој момент за да го шират своето влијание, кое често е анти- ЕУ.

„Русија е доста ангажирана со своите пропагандни кампањи против ЕУ на Западен Балкан. Кина има влијание, но не е против интеграцијата во ЕУ, таа е повеќе фокусирана на економијата“, велат други извори во Брисел.

Рокас: Овојпат очекувам дека ЕУ ќе донесе побрзи резултати

За важноста на проширувањето на ЕУ зборуваше и Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во РСМ. Тој рече дека од новиот состав на Европската комисија треба да се очекува многу работа.

„Процесот на проширување на Европската унија е врвен приоритет за самата Унија. Како доказ за овој главен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување и имаме и политички директор задолжен за проширување… Очекувам дека овојпат, како ЕУ, и ние да можеме да испорачаме резултати со една многу забрзана динамика“ , изјави Рокас.

РСМ во очекување на гаранција од Бугарија

Надежите за уставни измени до крајот на оваа година ги згасна премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека уставните измени не се планираат да се направат до крајот на 2024 година. Во однос на уставните измени, Мицкоски рече дека се дефинирани црвените линии од кои „ниту ние, ниту некој нема да се поместиме ниту еден милиметар“.

„Нема да бидеме жртва на билатерализацијата на пристапниот процес на Македонија во Европската унија. Рековме што можеме и ова е максимумот на тоа што можеме. Тоа им е кажано на сите светски фактори, на сите луѓе кои општо одлучуваат или имаат некаква улога во светската политика“, рече Мицкоски.

За разлика од премиерот, неговиот партнер во владата, еден од лидерите на коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН), а воедно и министер за здравство, Aрбен Таравари , очекува уставните измени да се случат до крајот на оваа година. Според првиот човек на Собранието, Африм Гаши, законодавниот дом е подготвен да ја започне процедурата за усвојување на уставните измени ако има политички договор.

„Јавноста ги знае ставовите на политичкото мнозинство во државата. Што се однесува до Собранието, штом има политички договор, ние сме подготвени да ја започнеме процедурата“, рече Гаши.

Гаши смета дека веќе го обезбедиле потребното двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени.

„Мислам дека имаме две третини. Тој процес во Собрание, мислиме дека лесно ќе помине и ќе го реализираме, но зависи од политичкиот моментум“, рече Гаши.

Во меѓувреме, министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека РСМ не инсистира на конкретно решение со Бугарија, туку бара еден вид на гаранција дека процесот за прием на земјата во ЕУ нема да се билатерализира и понатаму.

„Нашето инсистирање не е за конкретно решение, туку за дебилатерализација на натамошниот процес за членство во ЕУ. Секое решение за кое сметаме дека ќе го овозможува процесот на членство на земјата во ЕУ за нас ќе биде прифатливо. Дали гаранциите ќе бидат од соседна Бугарија, од некоја институција или тоа ќе го направиме билатерално или каква и да е формата, не е толку важно колку што е важна суштината. Ние како држава и како влада мора да бидеме сигурни дека овој процес ќе заврши“, рече Орхан Муртезани.

Без уставни измени нема ЕУ

Северна Македонија мора да ги направи уставните измени за да продолжи напред на евроинтегративниот пат. Тие подразбираат внесување на Бугарите и другите народи во Уставот. Северна Македонија по 17 години на 19 јули 2022 година ги започна пристапните преговори со ЕУ со одржување на првата меѓувладина конференција, по усвојувањето на францускиот предлог  што Северна Македонија го изгласа на 16 јули 2022 година. Предлогот тогаш беше изгласан во Собрание без учество на тогашната опозиција која сега е на власт.

За измени на Уставот потребно е двотретинско мнозинство.

Преговорите со ЕУ нема да започнат се додека не се направат уставните измени.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...